Автор Тема: Намалено ниво на вода Голф 4  (Прочитано 10779 пати)

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Намалено ниво на вода Голф 4
« на: 27 Јули 2015, 00:47:29 am »
Здраво,

Денес ми се случи една чудна работа. Се работи за Голф 4 1.9 тди 85kw. Возев накај Охрид од Прилеп и на влез од Охрид ми светна ламбичката за температура и на бордот пишуваше STOP. Застанав изгаснав колата да проверам што е како е и видов дека нема вода во резервоарчето. Откако го отворив капачето водата се врати до минимум и му дотурив дестилирана вода до максимум и се беше во ред. Прашањето ми е каде оди водата откако ќе загрее колата и нивото паѓа на минимум иако е наполнето до максимум резервоарчето? Исто имам забележано кога долго ќе ја возам колата со клима поткапнува некоја капка од лева страна од моторот негде зад алтернаторот и на местото како што одат цревата за вода има како конденцирана вода нешто слично.

Однапред благодарам.

Отсутен nsx-r

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9213
Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #1 на: 27 Јули 2015, 01:05:55 am »
тоа од климата е кондез,нормално е

а ова другово имаш лабава стега или спој,дупнат хладњак итн...
најубаво ако можеш да провериш на загреана кола зошто тогаш матерјалите се шират и може да цурка по некоја капка вода

Отсутен ninolegenda

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 12
Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #2 на: 27 Јули 2015, 21:58:30 pm »
Здраво,

Денес ми се случи една чудна работа. Се работи за Голф 4 1.9 тди 85kw. Возев накај Охрид од Прилеп и на влез од Охрид ми светна ламбичката за температура и на бордот пишуваше STOP. Застанав изгаснав колата да проверам што е како е и видов дека нема вода во резервоарчето. Откако го отворив капачето водата се врати до минимум и му дотурив дестилирана вода до максимум и се беше во ред. Прашањето ми е каде оди водата откако ќе загрее колата и нивото паѓа на минимум иако е наполнето до максимум резервоарчето? Исто имам забележано кога долго ќе ја возам колата со клима поткапнува некоја капка од лева страна од моторот негде зад алтернаторот и на местото како што одат цревата за вода има како конденцирана вода нешто слично.

Однапред благодарам.

Јас го имам истиот мотор и мене ми се случи истото минатата година. Испадна дека хладњакот беше скапан и морав да купам нов. Сега немам проблем. Најлошата варијанта е дихтунг на глава но се надевам дека не е тоа.

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #3 на: 28 Јули 2015, 00:28:28 am »
Зошто најлошата варијанта дихтунгот? Само се отвара главата менуваш нов дихтунх и готово на ладна кола ако е тоа

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #4 на: 28 Јули 2015, 09:51:04 am »
Mene mi gubese od nekoj difuzer za voda, ne bese fazla od 1000den, go smeniv i si fuce

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #5 на: 28 Јули 2015, 10:59:17 am »
Зошто најлошата варијанта дихтунгот? Само се отвара главата менуваш нов дихтунх и готово на ладна кола ако е тоа
Ako vo megjuvreme ne e iskrivena glavata...

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #6 на: 28 Јули 2015, 16:06:56 pm »
Чистење, рамнење глава, проверка/рамнење блок, шлајфовање вентили, нови штрафови на декла, нов дихтунг, нови симеринзи (јас би и нов ребрасти), ако сакаш да е се по пропис. Не е баш едноставно.
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #7 на: 28 Јули 2015, 16:22:57 pm »
Ама ако е тој проблем колата нема да работи нормално нема да влече и да оди, ќе загрева и ќе троши гориво а ниеден од овие симптоми ги нема освен со водата.

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #8 на: 28 Август 2015, 20:43:27 pm »
Се јави сега друг проблем. Вчера тргнав за Грција и на првата угорница кај Лерин ми крена температура 110 степени. Застанав и излади одма. Продолжив и овај пат стигна до 120 и никако не сакаше да излади. Ја изгаснав и полека го отворив капачето за вода да истиши компресијата. Дотурив негде 2.5л дестилирана вода а се зачудив каде замина водата. Полека полека си дојдов прилеп. До 100км на час немаше никакво загревање над 100-120 крева температура како од шала. Дали е заглавен термостат или најлошата варијанта дихтунг на декла и се со ред?

ЕДИТ:
Попладнево турив средство за миење на радијаторот Flush и горните црева ми беа врели а долното повратното од радијаторот до моторот никако да затопли. Тоа е индикатор на термостатот ама ме чуди зошто првиот пат кога загреа излади без проблем а вториот пат не и од ко му дотурив вода полека со возење до 100км на час не загреа воопшто а му дотурив околу 0.5л вода кај Битола.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #9 на: 28 Август 2015, 20:47:35 pm »
Не ти отвара термостатот

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #10 на: 29 Август 2015, 03:39:51 am »
препорака каков термостат да земам? имав сменето пред година BEHR Thomson ми рекоја демек тие биле оригинални што ги местат на голф 4

ЕДИТ:
Променет термостат и пак е исто. На угорница крева температура на право не.
« Последно менување: 29 Август 2015, 19:35:30 pm vgeshoski »

Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #11 на: 29 Август 2015, 21:11:11 pm »
Провери водната пумпа, можно е да е превртела, се случува тоа ;) дали кога ти работи колата во место или со малку додадена туража ја враќа водата преку малото цревце во казанчето? тоа што ти губи вода ти прави капки под неа кога стои? и треба да видиш од која страна ти прави за да се реши ова ;)
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #12 на: 30 Август 2015, 01:45:47 am »
Кога работи в место како реагира?

Отсутен vgeshoski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 61
Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #13 на: 30 Август 2015, 03:15:30 am »
В место нема никаков проблем ни дуја црева ни ништо исто и на прав пат ама првата угорница и поголем напор и одма крева температура. Од 90 до 110-120 степени крева за 15тина секунди

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Намалено ниво на вода Голф 4
« Одговори #14 на: 30 Август 2015, 08:24:34 am »
В место нема никаков проблем ни дуја црева ни ништо исто и на прав пат ама првата угорница и поголем напор и одма крева температура. Од 90 до 110-120 степени крева за 15тина секунди

Вода или антифриз имаш во системот?
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.