Па мислам дека "незнам што да речам" е ок објаснување за настанот.
Еве неколку фотки (од официјалната фб страна) и ќе добиеш слика отприлика како беше изложбата на аута со швајцарски и германски таблици.
Јас свртев еден круг, видов што требаше и си фатив патот под нозе.
Имаше што да се види од аспект на изложени модели. Значи технички можеш да видиш од близу добри аута, ама амбиентот, народот, музиката, муабетите и спектаклите се "незнам што да кажам"
Типот со кожната бела папучка на првата слика ја возеше Корветата црна позади нив што е паркирана.