Досега земавме 3 тест возила.Меганот со 7000 поминати,Кашкаи со 4000 поминати и најново Мазда 3 со 13000 поминати,сите стари по неколку месеци,регистрирани,каско осигурани и со валидни гаранции.На ниедно од овие возила немало некакви оштетувања и проблеми.
Сепак се работи за краток временски период и мали километражи.
Грубо заштедата на сите три возила е 15000 е. што и те како не се мали пари.
Чуството да седнеш во ново возило е посебно(искусив во 2005та) ама никако не вреди 15 бона.
Ако треба да купувам пак ново возило без размислување пак би земал тест возило за 25% пониска цена од редовната.