Дечки ми треба мала помош, совет од вас.
Денес го перев моторот на Fiesta MK7 со помош на средството на Сонакс за прење на мотори.
Прво го нанесов средството во целата површина под хаубата, го оставив да делува 15 минути и го исплакнав моторот со пумпица за вода што се користи за прскање цвеќиња. Пумпицата прска многу нежно нема речиси никаков притисок. Внимавав да не влезе вода во алтернатор или некој витален електричен дел. Сигурно дека влегла некоја капка ама не нешто што може да се смета како потоп. На крај само го пребришав со чиста крпа.
Откако го оставив моторот да се исуши пробав да го запалам и не сака. Дава само звук како да удира електричен лак во метал (нешто слично како со кабел од свекица ќе допреш до блокот - шмелцање) не вергла воопшто. Не јавува никаква грешка или проблем на борд компјутерот.
Прашањето ми е дали да почекам да се исуши убаво моторот па да пробам пак или се имам зафркнато во постапката за чистење и нешто има рикнато.
Моја претпортавка е дека можеби има влезено вода во алансерот ама не сум сигурен.
Некој да даде совет или мислење?
Клемите од акумулаторот не беа извадени додека перев.