Автор Тема: Видео Надзор  (Прочитано 20465 пати)

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Видео Надзор
« на: 11 Јули 2015, 13:17:01 pm »
Некој ако има повеќе инфо или знаење во врска со оваа тема? Која фирма би ја препорачале, законски како оди целата работа?
Станува збор и за зграда (повеќестанбен објект), и за куќа (индивидуален објект).
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг:
« Одговори #1 на: 11 Јули 2015, 13:49:38 pm »
И јас се приклучувам кон прашањето. Со конктетни проекти и цени ако знаете уште подобро.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Видео Надзор
« Одговори #2 на: 11 Јули 2015, 13:53:32 pm »
jas lani spobrkav rabota kaj nas vo zgrada da namestat video nadzor bidejki 2-3 pati godisno gi pljackaat podrumite.
otvoriv na reklama 5 pisi video nadzor i ima decki sto prodavaat i montiraat.
prvite sto mi dojdoa na oglas se javiv da prasam sto kako mi rekoa deka ako ima opcija na postijnata kablovska da se vrzat i sekoj sto kje dzvoni doma kaj tebe na domofon prefrlas televizorot primer na 0 i gledas koj e dole..nudea i resiver koj kje se smesti nekade i kje snima 24/7.
cena bese nekade grubo okolu 1200-1300 denari od stan ednas plakjas montira i cao prijatno.
arno ama na kukjen sovet mladive se soglasivme ali prokleti imame 3-4 familii egejci im dojde skapo nejkea pari da dadat i se otkazavme.
taa cena mislam bese ako ide na postojna instalacija od kablovska ako tegne drugi zici najverojatno druga cena..
ali javete se kazete sto kako kje vi kazat od start opcii i nekoja gruba cena.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Видео Надзор
« Одговори #3 на: 11 Јули 2015, 15:02:12 pm »
Јас барам баш да биде фирма која се бави со тоа (не знам тие на Пазар3/Реклама5 дали се фирми или човЕци :)).

Знам за финтата со кабловската, ама не знам како уствари би одело тоа. Не се сите на кабловска поврзани. Еве рецимо, кај мене у зграда оператор е Близоо, а јас сум на Телеком, па не знам како се решава тој момент.

Друго, ме интересира тоа, колкав процент од станарите треба да дадат согласност? Што се дешава ако се постави видео надзор без да се има таа согласност?
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен 80 B4

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: Видео Надзор
« Одговори #4 на: 11 Јули 2015, 15:14:43 pm »
Во врска со видео надзорот можам да ви помогнам бидејќи работам во Никоб кој има свој видео надзор во кој работев до пред неко време има разни видови на камери за цената не би можел многу да ви кажам но ако има заинтересирани секако не е проблем можам да прашам видео надзорот од Никоб го користат неколку банки низ македонија со 24/7 часовно следење и уште неколку објекти кои се под постојан видео надзор поради заштитата на клиентите не би можел да го кажам името на објектите кои се под видео надзор.Камерите може да се купат монтажата е гратис и да не бидат приклучени на видео мониторинг центрот може да се гледаат и на телефон камерите се од марката Hikvision има и ротирачки камери со можност за зголемување и до 30 пати без губење на квалитетот на сликата.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Видео Надзор
« Одговори #5 на: 11 Јули 2015, 15:25:52 pm »
Ај прашај за грубо барем цена, ориентација да имам за која сума правиме муабет.

Отсутен 80 B4

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 137
Одг: Видео Надзор
« Одговори #6 на: 11 Јули 2015, 15:38:29 pm »
Ај прашај за грубо барем цена, ориентација да имам за која сума правиме муабет.
Важи нема проблем само кажи ми од прилика за колку камери си заинтересиран,а има и понуда последно време за приклучување на алармен систем кој кошта 15 евра месечно со бесплатна монтажа и 3 месеци гратис не би сакал ова да излезе како промовирање на фирмата или нешто слично но ако има заинтересирани нека ми пишат во ПП

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Видео Надзор
« Одговори #7 на: 11 Јули 2015, 15:58:12 pm »
Од мене можеш да пуштиш критика кај одговорниот таму, да читаат и одговараат на мејлови, 21ви век е.

Што се однесува до куќата, ќе треба веројатно да пратат тим да направат увид на лице место и да достават понуда за обезбедување со аларми, камери и чуда.

Што се однесува до зградата, би те замолил да прашаш (доколку не ти е проблем) за легалниот момент на целата работа (согласности, зони на покривање итн итн.)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Видео Надзор
« Одговори #8 на: 11 Јули 2015, 16:04:59 pm »
ne ti treba soglasnost od stanarite i procent na soglasnost..sobirate pari i mestite koj plati kje si koristi usluga koj ne koj go vrti.
ako si tolku mokjen sam mozes da instaliras video nadzor u zgrada i sam kje si gledas.
inace na reklama5 tie sto montiraat se firma.fino javise kje objasnis sto sakas kolku stanovi kakov objekt e i kje ti dadat otprilika cena.
komsijata vo nasa zgrada na 1vi sprat sam si namesti deckoto video nadzor kamera pred vrata vo stan i kamera pred vlezna vrata od zgrada kaj domofonite..lani koga gi onadija podrumite mu idat komsii daj da vidime koj bea fino gi odjeba im rece gitla koga molevme da se stavi na cela zgrada nejkevte da dadete 20 eura epa sega neme zamarajte sakam da odmaram i fino im zatvori vrata.
« Последно менување: 11 Јули 2015, 16:10:01 pm VLATCE-PUNTO »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Видео Надзор
« Одговори #9 на: 11 Јули 2015, 16:09:34 pm »

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Видео Надзор
« Одговори #10 на: 11 Јули 2015, 16:13:58 pm »
pred sopstven stan nikoj nemoze da ti zabrani da postavis kamera baska ima onie kameri sto se montiraat vo spionka i go snima prostorot pred vleznata vrata od stanot.nikogo ne voznemiruvas i ne mu krsis privstnost.go snimas samo onoj sto e kaj tebe pred vrata znaci sto nameracil da ide kaj tebe dali e kanet ili nekanet gostin.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Видео Надзор
« Одговори #11 на: 11 Јули 2015, 16:15:19 pm »
http://www.uvmk.gov.mk/files/zakoni/ZZLP_Precisten%20tekst.pdf

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

И ја го најдов ова, ама ме информираа дека ќе се сменел првиот став од членов, пошто е жива глупост. Исклучително ретко (ако не и немогуќе) е да имаш 100% согласност од станарите. Стално ќе има некој лев.

Кај мене е уште позаебано, што барем 5 стана во зградата се на фирми, а барем уште толку се на луѓе што не се тука, или има кираџии, па некако не ми се верува дека ќе се потепаат да даат согласност.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #12 на: 11 Јули 2015, 16:18:39 pm »
За да ги снима камера заедничките простории мораш да имаш комплетна согласност плус камерата несмее да фаќа влезна врата на било кој стан.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Видео Надзор
« Одговори #13 на: 11 Јули 2015, 16:19:35 pm »
Поентата е да не те пријави некој. Односно ако те пријави, да може да кажеш - чекај, види папир еве го Јоцо со Џипот овде потпишал дека е во ред. Ако некој не е таму никогаш, нормално дека нема да те пријави и не ти треба согласност од него.

Со други зборови - да не му смета на некого од влезот тоа. Ако не им смета нема гајле. Ако им смета ќе пријават и соодветни лица ќе ги извадат камерите и ќе ги конфискуваат.

Влезна врата тоа никако, само пролаз кај што има, влезна врата, прозор кон надвор такви работи смее.

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Видео Надзор
« Одговори #14 на: 11 Јули 2015, 20:02:28 pm »
многу заебана работа е ова со видео надзорот,и искрено ако инвеститорот не предвидел при изградба да се стави и секој што ќе купи стан да биде обврзан да даде согласност,тогаш не верувам дека некаде во Македонија ќе се собере 100% согласност.Иначе,на своја рака не препорачувам ставање на камери,зашто еден комшија да пријави дека му е нарушена приватноста,не верувам дека ќе се извлечете со казна помала од 2 просечни плати.