Автор Тема: Видео Надзор  (Прочитано 20470 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Видео Надзор
« Одговори #15 на: 13 Јули 2015, 14:58:13 pm »
Јас имам инсталирано за мене камери, не е некоја филозофија. Ама ако мора преку фирма тогаш тоа е тоа.

Прво камери и ДВР и павер бокс и кабли земав од Мебиус а они земаат од Максипринт (Охрид). Камерите правоаголни се погодија, тие како топка не. После земав од Ник аларм (Тобако 2 Аеродром) правоаголни камери со леќа 2.8-12mm со IR за навечер гледање итн, кои се доста поскапи (околу 100 долари + ддв парче) од охридските но се со 2 годишна гаранција и стварно се погодија.

Од специјален алат ви треба само оваа клешта



а од нормален алат - бормашина за бушење у ѕид и малецко штрафцигерче за затегнување на конекциите на павер боксот.

Пред да се решам сам да ги ставам камерите дојдоа од 2 фирми, од око проценија за кои камери каде (ти им кажуваш што сакаш да се гледа и кој агол) ама беше далеку под моите очекувања (ни нацрт ни бутур, само на едно лифче колку и какви камери).

Гледам доста ги користат Wizard (Лисиче), јас од нив некои кабли имам земено, камери не. Пак ќе кажам дека од камерите од Ник Аларм сум презадоволен, еве ги трета или четврта година си тераат. ДВРот е кинезарија тешка ретко се багнува па треба рестарт и преку моб неможам да гледам пошто неможам да најдам асална програма. Но ако се земе поскап ДВР тие глупости ќе ги немате.

Ако ве интересира уште нешто прашајте.

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Видео Надзор
« Одговори #16 на: 12 Февруари 2019, 20:14:47 pm »
Да ја размрдаме темава малку
Има неколку наши компании кои нудат камери за видео надзор,неколку од колегите имаат ви-фи камери нарачани од алиекспрес и имаат задоволителна слика а чинат некаде оклу 50е-70е со мемориска картица.Овие ви-фи камери се едноставно лесни за монтирање и имаат едноставни андроид и виндоус софтвери за да можеш он лајн да гледаш.Со вклучен сензор за движење преку кои се активира камерата и веднаш те известува преку смарт телефонот дека камерата е активирана,со опции за сликање кога камерата се активира и сликите ги пушта на емајл.Потребно е само ви-фи сигнал и напојување.

Сакам да ставам 1-2 такви камери да снимаат во дворот,во минатото имавме неколку чудни појави низ маало,како фрлање на прегорено моторно масло кај некои од комшиите и слично.

Прашањето ми е дали некој има искуство со некој бренд на камери,гледам доста актуелни се Dahua камери како бренд.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Видео Надзор
« Одговори #17 на: 12 Февруари 2019, 22:20:06 pm »
Дахуа се едни од најголемите производители на камери, кај нас ги носи Визард, добрите модели на IP камери не се ефтини, јас на работа ја имам оваа и е одлична, но за дома е прескапа. Има сд слот во неа но напојувањето е 802.3af POE, и со камерата не доаѓа никакво напојување, така да би требало да си докупиш адаптер или РОЕ свич.

Starlight линијата на Дахуа е топ за вечерно снимање. Селеров од али од кој ја купив камерата продава камери со интернационален фирмвер, нешто што е мн битно ако сакаш да ја апдејтираш понатака, ако камерата има кинески софтвер може после апдејт да се сбјебе (брикува), ова важи за IP камери.

Прашај било што те интересира.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Видео Надзор
« Одговори #18 на: 12 Февруари 2019, 23:30:14 pm »
Јас работев до нова година во визард, сега сум државно во инспекторат ама имам дилерски цени. Ако треба нешто барајте ме.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Видео Надзор
« Одговори #19 на: 13 Февруари 2019, 00:05:52 am »
Јас работев до нова година во визард, сега сум државно во инспекторат ама имам дилерски цени. Ако треба нешто барајте ме.
Дојде живот и за тебе!

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2205
Одг: Видео Надзор
« Одговори #20 на: 13 Февруари 2019, 11:52:19 am »
@smole

Што мислиш за оваа  https://uk.dahuasecurity.com/au/products/productDetail/5601


Софтверот треба да ги има сите марифети(известување на моб.кога ке се вклучи,сликање при вклучување и праќање слики на емајл.....).

А за цена ќе го прашаме @achtung
« Последно менување: 13 Февруари 2019, 11:57:53 am AUDI »
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Видео Надзор
« Одговори #21 на: 13 Февруари 2019, 17:34:01 pm »
Се чини ок, иако за навечер е стално позаебано.

Ако баш сакаш навечер да им го снимиш суратот на зликовците може ќе ти помогнат 1-2 рефлектори со сензор.

Преку ден сликата кај скоро сите камери е ок.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Видео Надзор
« Одговори #22 на: 13 Февруари 2019, 22:03:51 pm »
Се чини ок, иако за навечер е стално позаебано.

Ако баш сакаш навечер да им го снимиш суратот на зликовците може ќе ти помогнат 1-2 рефлектори со сензор.

Преку ден сликата кај скоро сите камери е ок.
Глупости. Си има камери и за навечер.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Видео Надзор
« Одговори #23 на: 13 Февруари 2019, 23:03:37 pm »
Се чини ок, иако за навечер е стално позаебано.

Ако баш сакаш навечер да им го снимиш суратот на зликовците може ќе ти помогнат 1-2 рефлектори со сензор.

Преку ден сликата кај скоро сите камери е ок.
Глупости. Си има камери и за навечер.

Да, Starlight серијата. Оваа не е таква затоа предложив додатни рефлектори.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Видео Надзор
« Одговори #24 на: 18 Јуни 2019, 15:13:28 pm »
« Последно менување: 18 Јуни 2019, 15:21:46 pm AllMightyMe »

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг: Видео Надзор
« Одговори #25 на: 18 Јуни 2019, 15:19:42 pm »
Клабери, некоја камера да препорачате за  внатрешна употреба штио има опција за снимање на СД картичка и гледање онлајн на мобилен?
 Не барам шпиунки.
Xiaomi 360 гледам една, ама немам искуство, сакам за мене да земам.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: Видео Надзор
« Одговори #26 на: 18 Јануари 2020, 15:15:59 pm »
Момци ми требат 2-3 камери,на дедо ми му го украле точокот  ;D сее да не дојде до поголема работа би сакал да ставам 2-3 камери надвор,не ми требат некој профисионални,него да ми вршат работа,особено ноќе  :D
Какви камери ми треба?
-Да бидат бежични (нормално кабел за напојување мора да има)
-Да снимат на СД картичка
-Да бидат водоотпорни
-Да можам снимките да ги прегледувам од лаптоп и андроид телефон
-Да има сензор за движење кога ке детектира движење да ми стига нотификација
Работи за кој не сум сигурен околу камерите:
-Дали камерата кога е поврзана со рутерот можам да ги гледам снимките без да ја вадам СД картицата од камерата?
-Оваа со леќите баш не ми е јасно на која далечина која да ја оберам (2.8мм,3.6мм,4мм,6мм)
-Дали леќата е фиксна или се менува,ако се менува дали доага со камерата или мора посебно да се купи?
На алиекспрес ги видов овие
https://www.aliexpress.com/item/32888251162.html?spm=a2g0s.9042311.0.0.355c4c4d3dKMJi
https://www.aliexpress.com/item/32684477744.html?spm=a2g0s.9042311.0.0.6d294c4dQNh1Z4
https://www.aliexpress.com/item/32921322018.html?spm=a2g0s.9042311.0.0.27424c4dNAP6Gm
Во Анхоч оваа ја гледам...
https://www.anhoch.com/product/599866873/tenda-wireless-n-ip-network-full-hd-camera-outdoor-waterproof-daynight-2-way-audio-c8

Отсутен savage

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 608
  • Сузуки Витариче
Одг: Видео Надзор
« Одговори #27 на: 18 Јануари 2020, 17:50:34 pm »
Клабери, некоја камера да препорачате за  внатрешна употреба штио има опција за снимање на СД картичка и гледање онлајн на мобилен?
 Не барам шпиунки.

Нешто како ова

https://www.aliexpress.com/item/BESDER-1080P-720P-Home-Security-IP-Camera-Two-Way-Audio-Wireless-Mini-Camera-Night-Vision-CCTV/32833366919.html?spm=2114.search0104.3.1.529f30b4LtWzx7&ws_ab_test=searchweb0_0,searchweb201602_6_10065_10068_319_10059_10884_317_10887_10696_321_322_10084_453_10083_454_10103_10618_10307_537_536,searchweb201603_52,ppcSwitch_0&algo_expid=3d71ec9b-00b9-460a-b249-0c57fd7b5cdd-0&algo_pvid=3d71ec9b-00b9-460a-b249-0c57fd7b5cdd

Јас за таа намера користам Xiaomi Dafang.
Ја има на Али за околу 30ина долари.
1080p, 360 степени, микрофон и звучник има од можности.

Работи со Xiaomi Home апликацијата. Има доста опции за подесување и квалитетот на сликата е задоволителен (и во темница).

Единствена замерка ми е дека понекогаш поврзувањето со камерата оди бавно. Најверојатно заради преоптовареност на cloud серверите на Xiaomi.

Потпис.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Видео Надзор
« Одговори #28 на: 18 Јануари 2020, 19:22:15 pm »
Заборавив да пишам.
Се мислев и на крај ја земав Шаоми 360 од хи комуникации за 3200. Читав мн проблеми со тоа што го блокира ип зошто не е од Кина и нејќев заебанции да нарачувам од али. Супер кај тебе шо работи.

Иначе камерата си вреди за сите пари, апликацијата работи топ, имам картичка од 64гб, брзо оди листањето наназад, навечер добро работи.
Сеа пишува дека има енкриптиран канал за безбедност.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5542
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Видео Надзор
« Одговори #29 на: 18 Јануари 2020, 19:57:20 pm »
Baraj go Panco +38978288627
Neka ti dade ponuda.
Deckoto e profi so korektni ceni.
Sekade kade sto sum go preporacuval sekade zavrsuval rabota profi.

Mene Zero mi go preporaca i ne zgresiv, komplet alarm, kameri senzori za pozar se izraboteno profi.

Pozdravi go od Dejan :D
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!