Јас имам инсталирано за мене камери, не е некоја филозофија. Ама ако мора преку фирма тогаш тоа е тоа.
Прво камери и ДВР и павер бокс и кабли земав од Мебиус а они земаат од Максипринт (Охрид). Камерите правоаголни се погодија, тие како топка не. После земав од Ник аларм (Тобако 2 Аеродром) правоаголни камери со леќа 2.8-12mm со IR за навечер гледање итн, кои се доста поскапи (околу 100 долари + ддв парче) од охридските но се со 2 годишна гаранција и стварно се погодија.
Од специјален алат ви треба само оваа клешта
а од нормален алат - бормашина за бушење у ѕид и малецко штрафцигерче за затегнување на конекциите на павер боксот.
Пред да се решам сам да ги ставам камерите дојдоа од 2 фирми, од око проценија за кои камери каде (ти им кажуваш што сакаш да се гледа и кој агол) ама беше далеку под моите очекувања (ни нацрт ни бутур, само на едно лифче колку и какви камери).
Гледам доста ги користат Wizard (Лисиче), јас од нив некои кабли имам земено, камери не. Пак ќе кажам дека од камерите од Ник Аларм сум презадоволен, еве ги трета или четврта година си тераат. ДВРот е кинезарија тешка ретко се багнува па треба рестарт и преку моб неможам да гледам пошто неможам да најдам асална програма. Но ако се земе поскап ДВР тие глупости ќе ги немате.
Ако ве интересира уште нешто прашајте.