Некој ако уште не сватил дека има возила 1,2,3 и МК класа, тоа е негов проблем. Ретко кој ТДИ купен крајот на деведесеттите години во МК издржа 100к, додека увозните кршеви 5 и 10 пати повеќе. Какви се не примероци од нови возила имам видено во салон, на саем (кога имавме), кај пријатели. Со по дузина визуелни фелери. Имаше доста муабети на таа тема на овој и на оној форум. А да не зборувам па што значи, класик верзија, кај Фиат, Опел и Пежо.
Реков дека 200к увозен крш е подобар од 50к македонски. Не од нов.
Бидејќи моментално работам во автомобилска индустрија и ги запознавам работите ќе се надоврзам на Лоши патишта и ќе споделам една информација. Кај сите производители (потенцирам: СИТЕ ) има најмалку 3 а кај некои и повеќе класи на квалитет кој излегува од Quality Assurance (ова зависи многу од степенот на созреаност на производната линија за конкретниот модел). Ниедна од тие различни класи на возила не се знае однапред за кој пазар ќе биде наменета бидејќи за секој од различните пазари (зависи кај кој производител како се организирани) има различни фабрики, а сите фабрики до една произведуваат различни класи на квалитет. Така да не постои МК пазар туку постои на пример Балкан-Турција пазар. Секоја од различните класи има различна фабричка цена иако станува збор за ист модел на возило со исто ниво на опрема.
Друга работа е што постојат Bulk shipments, да не кажам рефусни испораки на модели и конфигурации на возила што се произведуваат за непознат купувач (на пример Голф 7 Trendline сива боја, Опел Астра бела боја, BMW 320D бела боја, црна боја, Hyundai i30 бела боја, како и комерцијални патнички возила наменети за компании) и истите се произведуваат за залиха и стојат на плацеви некаде и чекаат некој да ги повлече за продажба.
Трета работа е што кога се порачува ново возило во салон постојат повеќе опции:
1. Купуваш возило од лагер (тоа се гореспомнативе).
2. Купуваш возило кое не е на лагер, чие што производство може да не е започнато или да е во фаза на производство. Можеш при порачувањето да знаеш за кој број на шасија и кој број на мотор се работи, односно да бидат тие информации познати уште пред да биде возилото составено. Во овој случај постои можност да знаеш за која класа на квалитет на возило се работи. Дури ако имаш доволно инсајдерско влијание, постои шанса да се успее и да се порача најдобра класа на квалитет на возило, но ова е посебен муабет и не е за на форум.
3. Упорен си во ценкањето и барањето попусти, инсистираш да компензираш, правиш старо за ново, чекаш акции на попусти или паѓаш жртва на организирани акции и тогаш возилата се чекаат за испорака и по месец дена и повеќе. Во овој случај, гарантирано добиваш најниска класа на квалитет на возило, зошто дилерот не дава попуст на онаа класа на возило која него го кошта најмногу. Нормално дека нема тој да оди во була поради тебе, туку ќе се снајде за да ти продаде. Исто така дилерот планира со месеци и води евиденции за возилата кои може да ги добие по најниска цена, и кога ќе потсобере комбинација за исплатлива количина тогаш организира акции и продава возила од лагер.
Можно е да се направат различни комбинации, само треба да имаш контакти внатре и да знаеш кои опции ти се на располагање. Во Македонија сосем нормално е да си обезбедиш врвна класа на квалитет на возило под услов да не се однесуваш како типичен македонец и да знаеш што правиш.