Автор Тема: Лошо искуство со К2 лаптоп сервис  (Прочитано 7057 пати)

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Лошо искуство со К2 лаптоп сервис
« на: 16 Јуни 2015, 16:25:30 pm »
Почитувани форумџии,

Го споделувам моето лошо искуство со вас за никој друг да не се најде во истата положба во која јас се најдов.


На 01.06.2015 вечерно време ми се расипа лаптопот, MacBook Pro 13” Mid 2009 MB990LL/a Model A1278 (EMC 2326*) , купен нов, Ноември 2009 год од Дуна Компјутери. Ми се појави BSOD (користам Windows), и при повторно бутирање се појавуваше фолдер со прашалник, т.е. компјутерот не го познаваше бут драјвот – SSD. SSD-то го ставив во десктопот да видам да не е до него проблемот, но не беше. Пробав лаптопот да го покренам со друг хард диск (ОС драјвот на десктопот) но повторно истиот проблем – фолдер со прашалник.

Утредента - Вторник 02.06.2015 го однесов во К2 лаптоп сервис во нас. Аеродром, таму ми беше кажано дека се сомневаат или во расипан SATA кабел кој оди од матичната до SATA дискот (SSD-то) или, полошата – цркнат SATA конектор на плоча, за чија поправка би требало да се одлеми стариот, да се залеми новиот, со 80% веројатност да се поправи и цена од 5000 ден, ама за мене 3500 денари. Реков ок, проверете што е. Ми рекоа дека ќе го тестираат и ќе ми се јават истиот ден - 02.06.2015 или наредниот – 03.06.2015г. Приемница не добив, само на една лепенка (види слика 1) залепена на лаптопот беше напишано моето име и мојот телефонски број. Не реагирав бидејќи до сега сум добивал приемница и сѐ било ок, но ете ќе си знам за другпат да си барам, макар оставил нешто на сервис и кај најблизок роднина.



Слика 1: Налепница за прием на лаптоп


Истиот ден, вторник – 02.06.2015 , не ми се јавија.

Наредниот ден, среда - 03.06.2015 , истотака не ми се јавија.

Во четвртокот - 04.06.2015 , се јавив да видам до каде е работата, не се сеќавам точно што беше муабетот.

Следниот Вторник - 09.06.2015 отидов ненајавено да видам што е работата. Едниот вработен почна да ми објаснува како го расклопил неговиот Macbook Pro 13 Retina од 100.000 денари за да види што е проблемот со мојот. Ги замолив да побрзаат со дијагностиката бидејќи лаптопот ми треба за работа и без него неможам да работам, или да почнам да си барам чаре.

Бев прашан дали тоа значи, дали јас мислам дека некој друг може подобро или побрзо да ми го поправи лаптопот (искочи дека има таков јунак, но за тоа потоа), реков не (колку само бев во заблуда), и реков деќа ќе почнам да си барам нов (затоа и ја отворив оваа тема неколку дена подоцна), бидејќи мислев дека нема да може да се поправи или дека ќе трае долго и ќе кошта многу пари. Ми беше речено дека овие недела дена колку што до тогаш чекав е ништо во споредба со тоа уште колку ќе треба да чекам. Истотака ми беше кажано дека лаптопот губи слика, што беше за мене нешто ново и реагирав дека тоа е нешто што првпат се случува, дека мене во изминатите 5 години и 6 ипол месеци ниеднаш не ми се случило.

На 11.06.2015 (Четврток) во 13:50ч ми се јавија дека конечно нашле што е проблемот – чипсетот е прегорен. Ќе му требаат минимум 3 недели да стигне од Кина и неговата замена ќе кошта вкупно 7000 денари. Им реков дека утре ( Петок - 12.06.2015) ќе поминам да го земам лаптопот и да си напраиме муабет – да се консултирам со нив што да правам, сепак сметав дека се многу постручни од мене.

12.06.2015 – Петок - Отидов да го земам лаптопот, ама не бил склопен па морав да дојдам повторно во понеделник – 15.06.2015.

15.06.2015 – Понеделник - Отидов да го земам лаптопот, добив совет да не го поправам лаптопот пошто за година дена пак ќе се расипел. Прашав доколку би им го продал за делови колку пари би добил – ми рекоа 500 денари, колку да не е без ич. За “дијагнозата” не ми наплатија ништо, им се заблагодарив и си отидов.

Дома увидов дека:

1. На долниот капак од лаптопот фали едно штрафче (Apple штрафче, кое ако добро разбрав коштаат 2.5 еур/комад и доаѓаат во пакет од 2 или 4) – Слика 2



Слика 2: Фали штрафче


2. Дел од пластиката на капакот е скршена (за ова јас не се сеќавам да е мое дело) – Слика 3



Слика 3: Скршена пластика


3. Има лепенка кај конекторот кој претпоставувам ја поврзува матичната плоча со екранот (пред да го однесам лаптопот во К2 оваа лепенка ја немаше, незнам зашто е сега тука) – Слика 4 и Слика 5



Слика 4: Лепенката




Слика 5: Лепенката од поблиску

Истиот ден – 15.06.2015 се јавив во овластениот сервис за Apple во Македонија – Дуна Компјутери и им го објаснив проблемот кој го имам (без да ја кажам “дијагнозата” од К2 лаптоп сервисот). Сервисерот ми рече како од пушка дека најверојатно е расипан SATA кабелот и да го донесам лаптопот во сервис.

Денес – 16.06.2015 околу 11:40 дојдов во сервисот на Дуна Компјутери за да го оставам лаптопот. Сервисерот го зема лаптопот и ме замоли да почекам малку. После 10 минути дојде со мојот лаптоп во рака, целосно фукционален и заклучи дека SATA кабелот е расипан и дека со нов кабел лаптопот си работи како што треба. Ми рече дека кабелот кој е моментално во мојот лаптоп е нешто пократок бидејќи е за понов модел од мојот лаптоп ама дека врши работа. Ме праша дали да го стави овој кабел или да порача нов, за кој ќе треба да чекам 2-3 недели. Му реков да го стави овој SATA кабел бидејќи лаптопот ми треба. Така и направи, цената за кабелот е истата која ми ја кажа по телефон ден претходно -2300 денари, со задоволство ја платив и си заминав. Од влез до излез од сервисот поминаа околу 30ина минути.

И така за тие 30 минути се заврши мојата голгота која траеше точно 2 недели, и ме чинеше неколку возења од едниот крај на Скопје до другиот, доста пропуштена работа, мноооогу нервози, a за малку ќе ме чинеше екстра 50.000-80.000 денари (за нов лаптоп), доколку се ослонев само на “експертизата” на K2 лаптоп.

Колкава е експертизата, експедитивноста, професионалноста и етиката на К2 лаптоп сервисот оценете си сами. Јас од ова извлеков поука да не верувам на приучени мајстори кој трескаат дијагнози и цени од ракав, туку да одам во овластен сервис каде сервисерите се обучени и сертифицирани за поправките кои ги прават, а деловите се нови и оригинални, и често ги имаат на залиха бидејќи како овластен сервисна тоа се обврзани. И да ги немаат ќе ги нарачаат по официјален канал, ќе ти дадат точна цена и прилично прецизен датум на пристигнување на делот.

Подолу може да се видат:


Слика 6: стариот SATA кабел Apple part No. 821-0814-A




Слика 7: Стариот SATA кабел Apple part No. 821-0814-A

Истиов SATA кабел може да се најде на  германскиот Амазон за 33,51 eur , а со вклучена достава до Скопје вкупната цена е 53,01 еу Амазон за 33,51 eur , а со вклучена достава до Скопје вкупната цена е 53,01 еур , по што можеме да заклучиме дека цената на овој кабел во Дуна Компјутери од 2300 ден е сосема фер и коректна.

Цената на овој кабел на Aliexpress е 17,12 еур со вклучена бесплатна поштарина

Чипсет за матичната на мојот Macbook Pro барав на Интернет и не успеав да најдам, можеби има, можеби не, иако не верувам дека е така лесна работа да се смени.



Слика 8: Работниот налог од Дуна Компјутери

Пишува:

Состојба на апаратот:

Не го гледа HDD


Опис на работата:

Заменет е кабел bracket SATA HDD

Тест ОК

Уредот се враќа во исправна состојба




Слика 9: Фискалната сметка од Дуна Компјутери


Еве како се осетив откога сабајлево ми кажаа и покажаа дека проблем е SATA кабелот а не чипсетот:



Слика 10: Авторот се почувствува како магаре



Слика 11: Лаптопот сликан денес




Слика 12: Лаптопот сликан денеска 2

Незнам уште колку ќе ме служи мојот лаптоп, но лекцијата си ја научив.

Од сега купување лаптоп кој има најмалку 3, а идеално 5 години гаранција, од бренд со добра сервисна поддршка во Македонија (ITD, Duna, допишете ако мислите дека испуштив некој), за што и да му се случи да знаеш дека тие е под гаранција лаптопот, дека сервисот има резервни делови на залиха и дека сервисерите ги имаат сервисните упатства и поминале обуки за сервисирање на вашиот уред, без разлика дали кварот е по ваша вина или не. Барем ќе знаете дека ќе имате квалитетна и брза услуга.

Со почит,
Smole

Скопје 16.06.2015
 

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Лошо искуство со К2 лаптоп сервис
« Одговори #1 на: 16 Јуни 2015, 16:40:42 pm »
Ах, јас имав неколку добри искуства со нив, но после ова, ако воопшто ги препорачувам, со голема резерва ќе го правам тоа.

Мило ми е  што е се` средено. Да не ти дадоа гратис штрафче во Дуна? ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Лошо искуство со К2 лаптоп сервис
« Одговори #2 на: 16 Јуни 2015, 17:03:03 pm »
Мене еднаш ќе ми мењаа летва на нова кола, и дреар ќе ми правеше штраф... среќа во официјален сервис цената беше 0 денари и 25минути работа.

Познат ми е муабетов, сакам да кажам.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Лошо искуство со К2 лаптоп сервис
« Одговори #3 на: 16 Јуни 2015, 17:17:24 pm »
Прашав за штрафче, ама се купувале, немале за така давање :S

И јас досега имав ок искуство со К2 ама моја нога таму веќе не стапнува.

А за муабетот да, некои работи се учат на потешкиот начин, за жал.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Лошо искуство со К2 лаптоп сервис
« Одговори #4 на: 16 Јуни 2015, 17:26:50 pm »
Личи како да имаат искуство со неки марки, но послабо со Аппле. Според муабетов.

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Лошо искуство со К2 лаптоп сервис
« Одговори #5 на: 16 Јуни 2015, 17:52:26 pm »
Јас во К2 сервис однесов ХП лаптоп, стар 4-5 години. Екранот зезаше, без проверка ми кажаа дека најверојатно е флеткабелот и дека ќе ме чини 2-3000 денари. Јас си земав флеткабелче од ибеј за 150-200 денари, и го сменив. Еве месец дена нема проблеми.   Значи нив работниот час им е најверојатно прилично скап.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Лошо искуство со К2 лаптоп сервис
« Одговори #6 на: 16 Јуни 2015, 18:01:33 pm »
Јас имав ОК сервис со овие од К2. Сепак побарав и второ мислење и истото го заклучија.

Мене ме чуди муабетот „Пак ќе ти се расипи“. Изгледа сите лаптопи кај нив добиваат дијагноза „Не го прави, пак ќе ти се расипи“.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Лошо искуство со К2 лаптоп сервис
« Одговори #7 на: 16 Јуни 2015, 18:24:55 pm »
Јас во К2 сервис однесов ХП лаптоп, стар 4-5 години. Екранот зезаше, без проверка ми кажаа дека најверојатно е флеткабелот и дека ќе ме чини 2-3000 денари. Јас си земав флеткабелче од ибеј за 150-200 денари, и го сменив. Еве месец дена нема проблеми.   Значи нив работниот час им е најверојатно прилично скап.
Па нормално, треба да се плати 1 шестина данок, плата, придонеси, кирија, струја, вода, плата на индиректни работници, кирија, рекет, сметка за телефон, рата за нов Кајен и слично. Не знам што не ти е јасно.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7071
Одг:
« Одговори #8 на: 16 Јуни 2015, 20:10:44 pm »
Очигледно како што кажа Дени немаат искуство со Apple.  Сепак е специфичен лаптопот за работа и за делови. 

Лошо е само што се нафаќаат на се,  многу е по фер да кажат извини не можеме да го средиме него да измислуваат.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Лошо искуство со К2 лаптоп сервис
« Одговори #9 на: 16 Јуни 2015, 20:13:00 pm »
Лошо е само што се нафаќаат на се,  многу е по фер да кажат извини не можеме да го средиме него да измислуваат.

Најфер е да кажат така, се согласувам.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Лошо искуство со К2 лаптоп сервис
« Одговори #10 на: 16 Јуни 2015, 20:16:55 pm »
Очигледно како што кажа Дени немаат искуство со Apple.  Сепак е специфичен лаптопот за работа и за делови.  

Лошо е само што се нафаќаат на се,  многу е по фер да кажат извини не можеме да го средиме него да измислуваат.
Е тоа е најтешко кај нас. Јас колку пати сум рекол дека неможам нешто. „Абе како неможеш, знаеш ти“. Не, незнам. И да знам, незнам доволно за да ја изведам таа-и-таа работа квалитетно и несакам моето име да се асоцира со тоа. Еве „Петко“ тоа работи, знае, повели кај него - ќе те препорачам лично.