Автор Тема: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance  (Прочитано 7362 пати)

Отсутен Darko_sk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« на: 14 Јуни 2015, 20:27:37 pm »
здраво. конечно да ја претставам и мојата нова љубов. :)

Skoda Octavia 1.4 TSI
Elegance ниво на опременост (17 инчни фелни (225/45 гуми), темпомат, задни паркинг сензори, Bolero sound system, bi-xenon предни светла, LED задни, climatronic...и сл.)
боја - Metal Grey

генерални импресии од викендов крузање до куманово, велес - oдлично! сеуште сум под импресии така што со одредени недостатоци, потрошувачка... не сум се замарал. здравје после вториот резервоар и првото перење тоа. :)

во недостиг на асални слики, само една од ентериерот внатре. понатаму кога ќе и направам фотосесија и други.



поздрав


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Re: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #1 на: 14 Јуни 2015, 21:06:28 pm »
Ај честито! Одличен избор!

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #2 на: 14 Јуни 2015, 21:46:24 pm »
Со здравје да си ја возиш. Многу безгрижни километри. :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #3 на: 14 Јуни 2015, 21:57:44 pm »
Честитки! Одлично, одлично возило. Ама па јас сум и малку повеќе пристрасен. :) :) :)

Шега на страна, токму овој мотор што си го земал ме навлече воопшто и да размислувам за РСот. Ајде 1.4т, ајде 1.8т, епа ајде 2.0т и отидовме јабана. :)

Создравје да си го возиш! Elegance тримот прави огромна, според мене, разлика, во комфорот на возилото.

Спомена Болеро - кога е произведено возилото? Се прашувам која е платформата за Болерото - MIB или MIB2? Би требало, ако е MIB2, големината на екранот да е 6.5 инчи. И тоа е одлична платформа, за кратко ќе поддржува и phone mirroring.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #4 на: 14 Јуни 2015, 22:07:02 pm »
Бре бре бре, муабети за Шкодава ко да е Ферари...

Шала на страна, ново возилце, со здравје да си го возиш и меракот да си го тераш. Остај сега негативни страни додека е нова. Научи си го возилото до детали за да можеш подоцна да забележуваш кога нешто ќе сака да поткрцнува.

Колку коња е овој? 120? 140?

Отсутен МулевР

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
  • Велешанче
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #5 на: 14 Јуни 2015, 22:12:01 pm »
Со здравје да си ја возиш и што побрзо стави повеќе слики да ја видиме :)
Project car: Opel Kadett C
Daily 1: Opel Corsa E
Daily 2: Yugo Koral 1.1i

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #6 на: 14 Јуни 2015, 22:13:26 pm »
Шо саунд систем е овој Болеро првпат слушам за него?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Darko_sk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #7 на: 14 Јуни 2015, 22:15:22 pm »
Честитки! Одлично, одлично возило. Ама па јас сум и малку повеќе пристрасен. :) :) :)

Шега на страна, токму овој мотор што си го земал ме навлече воопшто и да размислувам за РСот. Ајде 1.4т, ајде 1.8т, епа ајде 2.0т и отидовме јабана. :)

Создравје да си го возиш! Elegance тримот прави огромна, според мене, разлика, во комфорот на возилото.

Спомена Болеро - кога е произведено возилото? Се прашувам која е платформата за Болерото - MIB или MIB2? Би требало, ако е MIB2, големината на екранот да е 6.5 инчи. И тоа е одлична платформа, за кратко ќе поддржува и phone mirroring.


не не, 5.8 инчи е болерото. колава е произведена недела-две пред да почнат да го ставаат новото болеро со 6.5 инчи екран како што читав на BriSkoda форумот. јебига, како и да е не ми е ни нешто посебно битно тоа.

добро си направил што си отишол на РС-oт. искрено не ја ни сфаќам поентата на 1.8 ТSI... 1.4 TSI e сосема доволен за перформанси по патиштава низ МК и балканов, а ако сакам још јаче би идел директно на 2.0 TSI RS.

инаку наречете ме луд, али ја пре би L&К верзија пред RS. :D што знам секогаш сакам погосподински коли, него ли спорт верзија на истите. штета што L&K иде само во 1.8 TSI.

@Миле Џонтра, моторот е 103 КW / 140 KS.

@MecheTo - https://www.youtube.com/watch?v=MUd5r9oFBx4

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #8 на: 14 Јуни 2015, 22:18:59 pm »
Побарај некое Јапонско видео да разбериме шо кажуваат?Прашањето ми беше дали Болеро е нешто слично на Bose или само е некое релативно име со кое ке ти речат во салон еве има вакво и вакво озвучување.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6130
  • 69
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #9 на: 14 Јуни 2015, 22:29:26 pm »
Релативно име, нешто налик има аудио систем со Андроид, ова ти е систем со Болеро.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #10 на: 15 Јуни 2015, 00:19:56 am »
Оваа кола некако многу ме намамува. Баш заради Елеганс пакетот. Со ТСИ си избрал и тоа 140коња. Развози па ќе кажеш како се понаша. Дали има старт-стоп?

Иначи и јас би одел на L&K најискрено, или што може над тоа да се оди во опрема. Со некој економичен мотор.

Отсутен MarkoS

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 207
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #11 на: 15 Јуни 2015, 09:39:42 am »
За убаво нека е, одлична кола со супер моторче, како што гледам овој 1.4 ТСИ во ценовникот го пишува дека е со 150кс? Како се понаша во пракса, еластичен е за претекнување?

Отсутен Darko_sk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #12 на: 15 Јуни 2015, 17:54:11 pm »
Оваа кола некако многу ме намамува. Баш заради Елеганс пакетот. Со ТСИ си избрал и тоа 140коња. Развози па ќе кажеш како се понаша. Дали има старт-стоп?

Иначи и јас би одел на L&K најискрено, или што може над тоа да се оди во опрема. Со некој економичен мотор.

има старт-стоп. сите ТСИ шкоди (и VW) имаат старт-стоп систем, освен оние со најнајосновните не ТСИ мотори.

а можеш и да земеш со Active ниво на опрема и да ги додадеш сите ставки од опрема што ги има во ценовникот хаха. така возиш кола со четири тркала и волан од 13.000 евра, a во неа опрема од 15.000 евра. :D

MarkoS,
види не сум го тестирал и оптеретувал моторот до толку за да ги претекнувам сите на автопат уште. викендов сум крузал со 100-120 макс брзини. инаку за еластичен, еластичен е моторот. додека возиш у град борд компјутерот веќе на 50 км/ч ти вика да шалташ у 5-та, 60 км/ч - 6-та. ако под ова мислиш на еластичност на моторот во градска вожња.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #13 на: 15 Јуни 2015, 18:06:53 pm »
Ова е некој претходен мотор со „140кс“? Со „150кс“ го пишува. ТSI и онака вадат ~10% повеќе од што пишува во реалност. Чисто да си знаеш.

Отсутен Darko_sk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 96
Одг: Skoda Octavia 1.4 TSI Elegance
« Одговори #14 на: 15 Јуни 2015, 18:47:14 pm »
тој 1.4 ТСИ со 150 кс е најновиот мотор на шкода и е по еур 6 стандарди. на briskoda форумот пишува дека почнале да го вградуваат во возилата произведени пред 10-20 дена. значи е апла тазе.

мојава октавија е произведена 10-тина дена пред да почнат тој да го вградуваат и е со 140 кс (според официјални спецификации).