За разлика од некои луѓе 4 реставрации се мала бројка.
за разлика од други луѓе што 4 коли воопшто во целиот животен век е врв и достигнување...
значи, сакав да кажам, за џабе се обидуваш да се објасниш. 4 реставрации се 4 реставрации... молим те, со македонска плата (карпатски има македонска плата), иди, купи олдтајмер и реставрирај го.. ке ти стане јасно што значи терминот една нула=една кула. не велам дека не си ни ти во право. има луѓе што 4 реставрации им се полугодишна работа. ама само тоа го работат, или си тераат бизниси а за реставрациите плаќаат...
пример, газдата на брат ми.. има 64 олдатјмери, пиц пец реставрирани... значи ги има, не дека хронолошки ги имал, туку СИТЕ, ВО МОМЕНТОВ ги има...и според него, не е олдтајмер ако е понов од 70-та година.. па ти сега види... а да.. заборавив да кажам, дека типот сеуште нема 40 години... ако карпатски го споредувам со него, да, мизерна е бројката од 4 реставрации... ама ако го споредувам со тебе (или мене) огромен успех е тоа за него...
значи... прво измери си го твојот К колкав ти е, појди од себе колку можеш да постигнеш по било кое прашање, па после напаѓај, пред се форумски колега, човек со кој комуницираш, од кого можеш да научиш нешто, кој е до тебе и направил нешто по тоа прашање за разлика од тебе и мене... за карпатски 4 реставрации и поседување на вкупно 8 олдтајмери е стварно успех, со оглед на неговата возраст и пред се професија.
фала на внимание.