Нема врска колава со 930. 930 е турбо моделот, и тоа вреди големи пари денес.
Изгледот е од 2.7, SC или 3.2, мање више сите се исти. Само задните крила се проширувани кај Фуштич за да добие турбо (930) изглед. Како што ми објасни тогаш човекот во сообраќајна е постар модел, мислам некој од седумдесетите. Другата школка што ја има во двор е од постарите модели, long nose или pre impact bumper моделите. Само таа нема никакви документи, а и се гледа дека имала удес на времето, кровот е накнадно варен на столбовите.
Има доста делови, претпоставувам може да се состават добри аута, али тоа кошта и пари и време, а цената пред година и нешто или две му беше колку за тогаш нов Пасат, односно за тие пари се купуваше комплетна 911ка во солидна состојба, без да се заебаваш со склапање, мајстори, набавка на скупи делови и слично.