Спрема првичното видео, засегнати се возила кои фабрички имале катализатори и дпф, а потоа ги немат. Постарите возила кои фабрички немаат, не се засегнати што е и логично. Засегнати се и возилата кои немаат добро согорување и со тоа лоши параметри на издув.
За се ова да се изведе кај нас, треба прво добро да се обмисли. Потоа да се срочи еден комплетен елаборат, спрема старотста на возилата. Државата да стимулира купување на нови мали и средна класа возила со помали давачки а да коле на „одлична БМВ 5ка што стјуардеса го возела“. Треба да има видео камери по станициве за дехники преглед врзани со апаратите за контрола и број на возило и снимка.
Да го спречи купувањето на крш мерцедес со откорнат катализатор од пример 20К евра, на сметка на некаков помал но нов друг бренд за истите пари.
На крајот да инвестира во инфраструктура, возови, автобуси.... да ти биде поефтино да живееш без кола. Во трулиот запад нема секој кола, ама и не му треба, со оглед на решени транспортни можности. Оние што можат возат точаци и тротинети, наместо да се гужваат по град.
Не знаеме и не можеме практично да си ги решиме работите. За жал со години немаме некој со политичка воља да нарами и да почне едно по едно.