Автор Тема: Собир #6 - 09.10.2011 - Кнежино - ОДЛОЖЕНО!  (Прочитано 61017 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29589
    • CARclub.mk
Собир #6 - 09.10.2011 - Кнежино - ОДЛОЖЕНО!
« на: 03 Октомври 2011, 17:30:47 pm »
Време дојде да ја објавиме следната екскурзија (која најверојатно и ќе биде последна годинава - почнува ладно време и пократок ден). Екскурзијата ќе биде до Кнежино - Кичевско, по препорака на Џиџи. Сите мрчења, незадоволства и протестирања упатете ги кон него. ;D

Како и за минатиот пат, и за овој пат важат истите детали:

Ден: 09.10.2011 (Недела!)
Собирање: 09:30-10:00
Место: Пред спортската сала Борис Трајковски во Скопје
Тргнување: 10:00

Забелешка: Би ги замолил сите кои ќе ни се придружат да стигнат на време, за да можеме на време да тргнеме!

Правила на однесување:

- Ќе возиме во колона.
- Ќе се движиме според дозволените брзини и условите на патот. Нема летање.
- Поентата е да се движиме заедно и да стигнеме заедно.
- Секој е одговорен за своите постапки.
- Секој си ги сноси трошоците.

Локацијата би требало да им одговара и на Охриѓаните и на Битолчаните, па би било фино ако и тие ни се придружат. Исто така, сите кои сакаат да дојдат, а не се во состојба да дојдат со свое возило - договорете се со некој од луѓето кои ќе доаѓаат за место во автомобил. Сигурен сум дека нема да има проблем.

Овој пат, собирот ќе биде пикник. Им препорачуваме на сите кои ќе учествуваат да си спакуваат соодветни намирници за денот. Ако некој сака да прави скара, слободно нека прави, но носете си скара, ќумур, и што и да треба. Секој ќе си биде сам одговорен за намирниците. Фала богу ќе се дружиме и ќе делиме. Имајте во предвид да си носите столчиња, некоја масичка, или што и да е за седење.

Тема на денот: Импресионирајте ги клаберите (особено мене) со добра храна. ;D

До Јове: Како резидентен Кичавчанец, имаш задача и обврска да се распрашаш каде во близина има културно и добро кафанче кое би ни дозволило да си однесеме храна (као скара итн) во случај да стреба (а сигурно ќе стреба).

До другите: Сите што ќе доаѓате, ве молам да се пријавите, за да знаеме некоја отприлика бројка на учесници.

Ви благодарам на вниманието. Да си поминеме одлично!
« Последно менување: 08 Октомври 2011, 12:04:15 pm zeroSignal »

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Собир #6 - 09.11.2011 - Кнежино
« Одговори #1 на: 03 Октомври 2011, 17:33:39 pm »
Паша Зот! Да го прашам Нусето за 100%!
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14231
  • Пудингот на шоферството
Одг: Собир #6 - 09.11.2011 - Кнежино
« Одговори #2 на: 03 Октомври 2011, 17:36:38 pm »
идам јас,ако преживеам до недела :D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен djidji

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10557
Одг: Собир #6 - 09.11.2011 - Кнежино
« Одговори #3 на: 03 Октомври 2011, 17:47:07 pm »
Све ок, само пошто денот е пократок да се тргне бар еден саат порано. Горе е планина и знае да биде ладно, па не е лошо да се понесат и јакни :) Кафани има две (Куќа на уметноста и една во Крушино), ама тешко дека ќе не пуштат со своја храна (Во Крушино можда и може, под услов да нема свадба и да се нарача пиење). Кнежино е прекрасно место за пикник, воедно и свето место со црквичка и Манастир, има 3 извори и традиционално се оди на излет на Голема Богородица мислам, на 28.Август). BTW ја не сум инсистирал да се оди на ова место - туку само сум предложил, а класниот прифатил...така да не ме карајте мене :) Имав предложено и други места, ама ова стварно е некако прифатливо (околу 110 км од Скопје), се вози на рамно и по планина низ западниот-најубавиот дел од МК, 200 ден е патарина е во двете насоки ... реално освен понудата од chlink за Пробиштип и нема каде за да на повеќето им одговара. Се надевам дека и зимава ќе имаме собир да си ги покажеме шоферските способности, како и квалитетот на гумите и опремата на колите, па ќе се оди натаму или накај Пониква ...  

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8524
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Собир #6 - 09.11.2011 - Кнежино
« Одговори #4 на: 03 Октомври 2011, 17:50:47 pm »
Не беше мој предлогот за Лесновски, веќе некој го предложи пред мене, јас само запнав :D

Ако напраам колата ќе дојдам иако патот ич него сакам, ако не друг пат.

Отсутен ViksaSk

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1225
Одг: Собир #6 - 09.11.2011 - Кнежино
« Одговори #5 на: 03 Октомври 2011, 18:02:54 pm »
Така класен ако ја не те потсетам нема кој хехе Јас идам со уште 2јца

Отсутен bobson

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 304
  • RB26DETT Z2
Одг: Собир #6 - 09.11.2011 - Кнежино
« Одговори #6 на: 03 Октомври 2011, 18:30:22 pm »
Зеро поправи името на темата а и постот, октомври е 10ти месец во годината а не 11ти, да не дојде до забуни :)

Отсутен FilipM

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3999
  • Turbo
Одг: Собир #6 - 09.11.2011 - Кнежино
« Одговори #7 на: 03 Октомври 2011, 19:12:32 pm »
Надвор од МК ќе бидам, инаку ќе дојдев, жалам :(
I’m so mean, I make medicine sick

Отсутен S16-HGT

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4442
  • НУКЛЕАРЕН КОМАРЕЦ
Одг: Собир #6 - 09.11.2011 - Кнежино
« Одговори #8 на: 03 Октомври 2011, 19:48:26 pm »
Чекај да расчистиме. На 09.11 ќе биде или на 09.10 ???????????????????????

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Собир #6 - 09.11.2011 - Кнежино
« Одговори #9 на: 03 Октомври 2011, 19:55:02 pm »
Се залетаа луѓево за во недела...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29589
    • CARclub.mk
Одг: Собир #6 - 09.10.2011 - Кнежино
« Одговори #10 на: 03 Октомври 2011, 19:59:21 pm »
Моја грешка дечки, на 09.10.2011 е. Викендов.

#nepismen

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34064
  • Таков е животот... јебига
Одг: Собир #6 - 09.10.2011 - Кнежино
« Одговори #11 на: 03 Октомври 2011, 20:15:00 pm »
#nepismen
+1
Енивејс, јас доаѓам доколку фамилијата ми биде во ред здравствено. Можам да земам уште тројца со мене (клабери) но на нивни ризик да ако затреба да фаќам стрела назад за Скопје.

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3893
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Собир #6 - 09.10.2011 - Кнежино
« Одговори #12 на: 03 Октомври 2011, 20:20:05 pm »
ја и невестата ми, идеме сигурно. можда ќе зееме уште некоја НЕклаберка... доколку никој нема против нели... :)

Отсутен IvAnA

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 487
Одг: Собир #6 - 09.10.2011 - Кнежино
« Одговори #13 на: 03 Октомври 2011, 20:25:10 pm »
Токму така. А сеа шо испадна? Пикник ќе праиме или кафана? ???

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54948
  • Махер
Одг: Собир #6 - 09.10.2011 - Кнежино
« Одговори #14 на: 03 Октомври 2011, 20:25:30 pm »
Токму така. А сеа шо испадна? Пикник ќе праиме или кафана? ???
Пикфана.