Здраво
Планирам да набавам помал половен теренец, што ќе служи претежно за возење на подолги релации, понекогаш и за офф роуд (лајт варијанта, на рамни терени).
Ми фатија око втората генерација на Тојота Рав4 (2001-2005), па ме интересира како се покажаа d4d дизел моторите на овој модел, дали се издржливи или се склони на дефекти?
Секако изборот не е стеснет само на Рав4, и не мора да биде баш дизел...
Најбитно ми е да има 4х4 погон, оти теренец со погон само на предни тркала е всушност висока кола, и (можеби ќе звучи смешно) да не надминува должина од 4,35м поради малата гаража (која е невозможно да се прошири).
Изборот може да се прошири и на Киа Спортаж и Хјундаи Тусон...
Досега немам поседувано теренец, но многу пати имам возено доста теренци, секој е своја приказна...
Ако некој поседува некои од наведениве теренци, би бил благодарен доколку ми даде корисни информации.