намерно не одговорив на темава одма. почекав да видам кој што ке одговори...
прво на габау да му честитам. иако вели дека од инат го истетовирал, всушност, го истетовирал тоа што го сакал и мислел т.е. она што му било во срце и во душа...
понатака мислењето дека треба да имаш дефинирано тело за тетоважа да туриш (набилдано), дека не ти личи ова или она... тоа зачувајте го за себе, тоа е мислење кое се коси со реалноста за потребата на симболиката која ти значи нешто при тетовирање... таков став дека треба да си набилдан за да имаш тетоважа, може да го направи и искаже само позер, кој има воља да се саморекламира.
секоја тетоважата има некакво значење, не само шкртање по телото. постои и боди арт со употреба на tatoo па дури и пирсингот има свое значење. понекогаш е малку тешко да се објасни значењето. тоа не значи дека е само исшкртано, колку да биде нацртано и да биде инн. јас сум сигурен дека појма немате колку луѓе околу вас се истетовирани, но не сте ги виделе до сега. 100% сум сигурен дека ке останете вчудоневидени кога за некого во животот со кој се дружите, ке дознаете дека бил од поодамна тетовиран... тоа е така затоа што тетоважата на него му значи.. не е за рекламирање и не е за покажување.
значи сакав да ви предочам, пред да продолжите да лупетате глупости и да навредите некого... затоа што тетовирањето на телото, како што рече zerosignal е засекогаш. дете од 15 години може да се нашкрта за да биде кул во тогашното ниво на созревање. кога некој по возрасен (нека биде 30 години па нагоре) ке се истетовира, тогаш тоа дефинитивно му значи нешто и тоа МНОГУ нешто...