Во последните неколку години вградуваме претежно секвенционални уреди. Проблеми во смисла на оштетувања на моторот, гледано од аспект на неисправни свеќици (истрошени но не механички оштетени), немаме забележано.
Доколку некое возило се жали на потрошувачка, го советуваме да замени свеќици па повторно да го погледнеме. Меѓутоа, тука завршува приказната со потрошувачката.
Од таа причина не сме многу запознати со проблематиката на свеќиците. Меилот за Алфа 156 и нас не затече, не сме имале проблеми со Алфите,а проблем со свеќици не може да направи проблем на некој елемент на возилото.
Ланди Рензо го ставил во својата архива бидејќи е забележан како проблем. Прашање е во колкав процент е забележан, и да е многу мал, тие сепак ќе го внесат во архива.
Бидејќи не може да направи проблем на возилото, возете ги своите Алфи додека не забележите зголемена потрошувачка, или лимитирани повратни детонации.
Во времето на постарите генерации на плински уреди, кога поради неисправност на некој од високо-напонските делови на електричната инсталација, каде што спаѓаат и свеќиците, можеше да дојде до големи штети од повратни детонации, ние ги користевме НГК свеќиците по препорака на Ланди Рензо и на сите поголеми производители на автогасна опрема.. Во моментов, доколку се побара совет од нас, клиентот го упатуваме да набави свеќици кај овластениот дилер за таа марка на возила.
Постовите од темава ги следиме со внимание бидејќи ни значат инфомациите добиени од реални искуства на возачите