Автор Тема: Toyota Auris 1.4 VVTI  (Прочитано 52656 пати)

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1841
Toyota Auris 1.4 VVTI
« на: 02 Јуни 2015, 23:25:27 pm »
Дојде ред да ја претставам колата и јас.

Тојота Аурис 1,4 со 97 кс и Луна ниво на опременост.
Од опрема има она што сите коли денес го имаат, климатроник, електрика на сите стакла и ретровизори, серво, АБС, дрн дрн ...
Нема ЕСП и нема мултилинк.
Еве и некоја слика:









Една од внатре:



И една за да му идам контра на времево



Колата е 2007 година, и земена е нова. До сега има поминато ~44.000 км, на 26.000 км и беше ставен плински систем Ловато.
Моторот е 1,4 со 97 кс, кој за да додат до израз треба вртежите цело време да бидат над 4.500 а тоа е и напорно и напнато и заморно.
За низ град ми е одлично моторчето а за на отворено е тиња. Низ град потрошувачката се движи околу 11 литри плин, и пред да кажете дека е многу, јас сум задоволен со оглед на релациите кој ги возам, односно повеќе стојам или лазам отколку што возам.
На отворено троши 8 литри. Кажав моторот е слаб и тром ама кога ќе се навикнеш како да го возиш може да се преживее и со него.

Страшно просторна и практична кола, висока и без оној тунелот на средина пореди што позади може комотно да се возат тројца со нормални димензии.
Мене лично покрај тромиот мотор ми смета што е многу пластична внатре, иако оваа е со средно ниво на опрема.
Колата за цело време се сервисира во Тојота, и до сега освен редовните сервиси, направени се следниве вонредни сервиси:
- Сметеа е предната долна фиока во гарантен рок, два пати и тоа, двете се извитоперија и не затвараа од едната страна.
- Сменети се предниот и задниот десен амортизер на 15.000 км, истечени беа и иако не подлежеле на гаранција мене ми ги признаа и за промената не платив ништо.
- Сменет е крстач на волан плус уште некој дел на воланот исто на 15.000 км, и сега истиот тој крстач пак тропка, го затегнав еднаш се среди за да после 500 км пак почнува по малку да тропа при вртење на воланот. После одмори сам ќе го средам, ќе му ставам појак штраф или ќе смислам како да не се олабавува.

Лани малку ја чукнав па предниот браник беше на лепење во Драчеви и фарбање во Олимпија моторс.

И да не тупам, од сега натака сите промени, добри и лоши моменти со колата ќе ги пишувам во гаражава.

« Последно менување: 20 Јуни 2015, 15:05:31 pm kalimero »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #1 на: 02 Јуни 2015, 23:38:27 pm »
Луна без бандажи?

Отсутен Diablo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 465
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #2 на: 03 Јуни 2015, 08:34:38 am »
Луна без бандажи?
Само во највиско ниво СОЛ мислам дека алум.бандажи одат, инаку Тера и Луна се со челични бандажи.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1841
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #3 на: 03 Јуни 2015, 08:47:11 am »
Баш така, Тера идеше со 15 ки челични, Луна со 16 ки челични,  Сол мислам дека беа 16 алумински.

Се опремив јас со алумински 15 за зимскиот сет на гуми, и повремено листам по огласиве, па ако начекам 16 ки алумински фабрички за Аурис би ги земал.

Отсутен brm brm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2648
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #4 на: 03 Јуни 2015, 11:42:25 am »
супер количка. :)
иначе, вози ја на бензин ако ти треба снага. Мислам тогаш ќе проработат 97те коњи? Јас не сум возел прин до сега, ама колко шо имам слушнато, може да изгуби снага на плин.
как и да е, мош е спора ама економична. Мислам дека е добар компромис, и така нашите патишта не се нешто погодни за брзо возење, уствари не се за никакво возење... ама ај да не отварам друга тема. Знам как е да претицаш камион 10 мин. ама човек се навикнува на се.

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #5 на: 03 Јуни 2015, 12:40:52 pm »
Одлично количе, тетин ми има исто и баш ме изненади внатре колку е пространо (а од надвор дава впечаток на тесно ауто ) . Уште алу бандашче и многу безгрижни километри.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1841
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #6 на: 20 Јуни 2015, 15:19:10 pm »
Денес наместен летен сетап :) Кровен куфер.
Спремен сум за на одмор.



Купени алумински кровни носачи од Еуростил, па потоа со нив го свртев цел град да видам кој модел на куфер најубаво ќе стои, за на крај дилемата беше дали овој Менабо или Модула Вего.
Одлуката падна на овој зошто ептен ми се свиѓа како легна на колава, волуменот му е 460 литри и во овој ми ги собира и скиите, за разлика од Модулата.

Инаку сакав да земам Thule,ми рекоа ќе донеле од ланските модели по прифатливи цени, ама цел месец ме мафтаат прво ми викаат дојди на 1 месецов, за да ми речат дека не стигнала пратката и да одам на 10, идам на 10 ми дојди на 20 сигурно ќе биде дојдена, идам денес и ми вика дојди на 30-ти, му викам абе ми треба за на одмор, а ок епа дојди во среда па ќе видиме, крајно несериозно. и колку и да беше желбата за Туле ми се одмили.
Овој куфер го земав 15.200 денари, Тулето требаше да биде 20 - 22.000 денари, ќе дадев 100 евра плус ради марката иако помало и погрдо, ама претераа со мафтосување.

Се надевам дека не згрешив со Менабово, се отвара од една страна, као полош го водат од Фарад во Еуростил, ама чим го стави на кола знаев дека ќе го земам, ептен ме бендиза како легна, плус без проблем ја собира резервната гума, па си викам не ми треба двострано отварање за два три пати во годината, уствари толку многу ме бендиса да за секој недостаток ке си најдев оправдување.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #7 на: 20 Јуни 2015, 15:20:31 pm »
Зошто погрдо туле? Кој модел го гледаше?

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #8 на: 20 Јуни 2015, 15:29:04 pm »
Де бе...Што толку ќе носиш на одмор...Мене кога ми фалело простор сум ставал куфери меѓу предни и задни седишта, правејќи им поголема спална на децата. Додуша до (Газот) Тисвири имаш трипол саати возење што не оправдува правење на спална, ама е добар начин за да се пренесеш ако веќе не ти брка работа гепекот. Плус кај тебе нема барикада во просторот кај нозете меѓу лева и десна страна на задната клупа што го прави многу поедноставен за накрцавање...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1841
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #9 на: 20 Јуни 2015, 15:29:30 pm »
Зошто погрдо туле? Кој модел го гледаше?

Ми рекоа дека ќе донесат Туринг серијата, сива боја. А јас сакав Туринг 200, тоа е со капацитет од 400 литри и не собира скии, ама ај Туле е ...
Во Бугарија е 730 лева па и тука очекував да биде таа цена, ама којзнае дали ќе ги донесат.

Инаку имаат Туле страшно убави серии, Динамик серијата пример е многу добра ама и кошта колку што е добра нели.


Де бе...Што толку ќе носиш на одмор...Мене кога ми фалело простор сум ставал куфери меѓу предни и задни седишта, правејќи им поголема спална на децата. Додуша до (Газот) Тисвири имаш трипол саати возење што не оправдува правење на спална, ама е добар начин за да се пренесеш ако веќе не ти брка работа гепекот. Плус кај тебе нема барикада во просторот кај нозете меѓу лева и десна страна на задната клупа што го прави многу поедноставен за накрцавање...

И јас правев така, жена ми со малото позади и кај него пред нозе торбици, башка сувозачкото седише цело товарено кај нозете и на него, ама сега ми треба простор за ште еден човек во кола, така да нека го има, нема зијан, и така одамна се спремам да земам, па му дојде редот.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #10 на: 20 Јуни 2015, 15:35:22 pm »
Со здравје да си го товариш :)
Од лично искуство, ќе ти кажам дека куферот е супер, ние лани го товаравме до врв неколку пати, со шатори, столчиња, вреќи за спиење, чуда и чудеси... Одличен е куферот, ем башка, не е бучен до кај 140 :)
Двостраното отварање има поише поента кај повисоките возила, за обична кола не е воопшто неопходно.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #11 на: 20 Јуни 2015, 15:54:08 pm »
Аурисот е релативно високо возило, но и Калимеро е висок, така да се компензираа дополнителната висина...
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20634
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #12 на: 20 Јуни 2015, 15:58:44 pm »
За повисоко, мислев на СУВ, МПВ или нешто слично, не на најобична семејна кола :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #13 на: 20 Јуни 2015, 16:18:33 pm »
Со здравје да си го товариш :)
Од лично искуство, ќе ти кажам дека куферот е супер, ние лани го товаравме до врв неколку пати, со шатори, столчиња, вреќи за спиење, чуда и чудеси... Одличен е куферот, ем башка, не е бучен до кај 140 :)
Двостраното отварање има поише поента кај повисоките возила, за обична кола не е воопшто неопходно.

И јас го имам истото и одлично е. Товарено до игла пуно, баш како што кажа штрумфко...

Се надевам дека не згрешив со Менабово, се отвара од една страна, као полош го водат од Фарад во Еуростил, ама чим го стави на кола знаев дека ќе го земам, ептен ме бендиза како легна

Не си згрешил воопшто. Во живо далеку подобро изгледа.
Незнам зошто го водат Фарад како подобар, а еве ке ти кажам по мене зошто и мислам дека се грешка.
1. Фарад од долната страна нема вдлабнатини за да влезат носачите. Тие се најголемиот причинител на шумот во колата кога се вози кровен куфер!!! Менабово има, ке видиш за што ти зборам.
2. Фарадот има чуден дизајн и не одговара на секоја кола. Личен вкус е, но јас кога го ставив на кола ми изгледаше грдо некако...А онака изгледаше доста интересно.
3. Единствено што губиш кај менабото е заради вдлабнатините, држачите се малку масивни, па треба да внимаваш кога ставаш куфери. Но најпрактична работа за товарање во куфер се торбици, а не куфери со тркала... :)
4. Едностраното отварање не е некој недостаток. За две утоварања и растоварање воопшто и нема да ти треба. За секојдневна употреба, можеби, но и тогаш би размислис. Реков побитно ми е колата помалку да шушти одколку да има двојно отварање.

5. Со здравје да си го користиш  :D
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #14 на: 20 Јуни 2015, 16:23:50 pm »
Аурис МК1 1515mm височина, можда е највисок во класата...Golf VII е висок 1452mm, Renault Megane 1420mm...Mitsubishi ASX 1620mm. Ко ќе видиш негде измеѓу е. За среќа Калимеро на штикли е висок 2 метра, па нема проблем да го товари...
Ум шо идит отпосле не јет ум!