Автор Тема: Toyota Auris 1.4 VVTI  (Прочитано 52566 пати)

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #90 на: 10 Октомври 2017, 19:25:07 pm »
Денес на 68.350 поминати километри направен редовен сервис, сменето уље и филтер за уље кај еден мајстор во Кисела Вода, задоволството чинеше 2.200,00 денари за 10-40 Тојотино уље и не запамтив каков филтер за уље. Попатно проверена комплетно и утврдено дека пушта по малку антифриз од кај распчињачата, ќе гледам во скоро време и тоа да го средам.
Нареден месец следи регистрација и свеќици да и сменам на околу 70.000 км. Инаку до сега сите сервиси беа правени во Тојота, а момаков претходно таму има работено па си ги разбира коливе, па затоа се решив за кај него.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #91 на: 13 Октомври 2017, 11:55:43 am »
Средено и капењето од расплињачата, сменети цревата кој влагаат и излагаат од неа, сменети трите филтри во плинскиот систем, воедно ми рекоа дека е средена и капалката, бидејќи нешто зафркаваше, кратко после секое штелување, престануваше да капе.
Интервенцијата направена во Мармилмонт, а целото задоволство чинеше 2.600,00 денари.

Земен е месечен билет за во катна гаража во Центар, така да од Понеделник, жена ми ќе почне поактивно да ја вози Тојотава, затоа и сакав се да средам претходно.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #92 на: 11 Ноември 2017, 15:01:43 pm »
Денес регистрана.
Вкупно давачки 4.440 на технички и 4.062 полисата.
Вкупно 8.502 денари.

Исто така ставени и зимските гуми на 68.800 изминати км. Поради Шкодата, Тојотава се вози исклучиво низ град па затоа и не поминува поголема километража.

Присутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2661
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #93 на: 11 Ноември 2017, 16:00:19 pm »
Me zacudi sto sve si smenil do 50.000km....

Kade e proizveden Aurisot?

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #94 на: 11 Ноември 2017, 17:22:32 pm »
Мислам дека е во Англија, ама ќе треба да проверам. Ништо чудно и Турција да е.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #95 на: 09 Јануари 2018, 20:43:04 pm »
После 10 години и 2 месеци на 69.300 изминати километри откажа фабричкиот акумулатор, веднаш заменет со Топла, новиот платен 3.400 ден со оставање на стариот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13844
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #96 на: 09 Јануари 2018, 22:41:49 pm »
Прашање: Зошто штедите на квалитетен акумулатор?

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6672
  • Бенве сие бенве
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #97 на: 09 Јануари 2018, 22:54:20 pm »
Затоа што сите исто траат


Sent from my Samsung s8+ using Tapatalk

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1779
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #98 на: 09 Јануари 2018, 23:02:27 pm »
Прашање: Зошто штедите на квалитетен акумулатор?
Оти Ексајд му рикнал за нецели 2 години на другата кола :)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3253
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #99 на: 09 Јануари 2018, 23:07:11 pm »
Прашање: Зошто штедите на квалитетен акумулатор?

Кои се критериумите за еден акумулатор да биде класифициран како "квалитетен"?

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #100 на: 09 Јануари 2018, 23:15:49 pm »
Богами ако Топла не е еден од поквалитетните тогаш незнам кој е ...

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #101 на: 10 Јануари 2018, 00:52:06 am »
Прашање: Зошто штедите на квалитетен акумулатор?
Зошто незнам кој е квалитетен?
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6368
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #102 на: 10 Јануари 2018, 09:16:39 am »
Се купува тој што најповеќе се продава, знајш не е бајат.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #103 на: 10 Јануари 2018, 10:26:56 am »
Прашање: Зошто штедите на квалитетен акумулатор?
Не дека штедам, само незнам кој е квалитетен а кој не.
Минатиот пат земав Ексајд и тоа незнам кој модел, го платив како најдобар, издржа две години.
Се јавив во Тојота, и да имаа на лагер ќе земев од кај нив, ама немаа, требаше да чекам најмалку една недела, што лесно можеше да станат две недели. А колата треба за градинки, вежбање и еден куп обавези околу децава пред се.
Или во кратки црти, неможам да си го комплицирам животов со глупости, колку трае нека трае, акумулатор е.

Се купува тој што најповеќе се продава, знајш не е бајат.

Баш така, продавачов ни е и пријател и го прашав, кој да го земам, ми даде да бирам од Топла незнам каков и Топла од сувиве, земав сув, поскап 100 тина денари.
Имаше и други ама он ми ги понуди Топла, да ми речеше поскап или друга марка ќе земав таков.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1840
Одг: Toyota Auris 1.4 VVTI
« Одговори #104 на: 28 Јануари 2018, 12:08:13 pm »
Epten mi e keif, a i mnogu  poubava sam koga ke si ja isperam.
10 godini e stara, ama sostojbata I e kako vcera da e izlezena od salon.