A ova, aj sea kaj se francuzite tuka da opnat nekoe vakvo ludo masince:
Нов мега турбаш од Alfa – 1.8 со 300 КС!!!
Италијанците очигледно најсериозно го сфаќаат “downsizing” принципот, воведувајќи нов мотор во гамата, со зафатнина од 1.8 литри и неверојатни 300 КС...
Релативно малиот агрегат, високата сила ја постигнува благодарение на турбо полначот со променлива геометрија и системот за директно впрскување на горивото, кој истото го внесува во цилиндарот под притисок од 200 бари.
Понатаму, Multiair системот со променлива фаза на отворање на вентилите, ќе се погрижи за ниската поторшувачка, веројатно во рангот од 7 до 8 литри, зависно од моделот.
Благодарение на високата сила, алуминиумскиот мотор ќе се вградува во новата Giulia како замена за V6 агрегатите, а веројатно и во „големата“ Alfa, која ќе лежи на платформата на Chrysler 300 C и ќе има заден погон.