Да освежам малце темава.. Имав некои планови за нарачки, али се деси некоја преселба па морав да баталам..Меѓувреме возев доста и да кажам некои импресии.
Стигнати 141к км и доста сум задоволен од моторот и целокупната вожња. Направив неколку долги тури пред и после Нова година и искрено ми се зголеми довербата у моторчето. Извозев 630км без никаков стоп со просечна брзина од 130-140 без никаков проблем, со просечна брзина од 6.5л според борд. Истата тура но обратно возев со 150-160 (целокупна рута на автопат) и просечната потрошња се покачи на 7.3л до 7.5л . До сега секогаш бев скептичен дека 1.4 не го бива за подолги патувања, но овој мотор у комбинација со 6 брзински мењач е сосем океј да те однесе било каде низ Европа.
После преселбата, успеав да ги офарбам и монтирам сите 4 раткапни, па сега не е толку ружен. Малце ја утнав бојата

#SleepingCars на еден скијачки центар

Нешто рандом слики од Франција и Швајцарија


За малце ќе забраев, од дефекти на голфов ми се пикна штраф у гума


За крај, на кебаб после работа


До следниот пат..