Ајде здраво, да претставам уште еден голф (малце помлад од другиот).
У принцип барав Ауди А3ка, но поради што ми беа далеку поскапи моментално, го начекав голфов.
Купен март 2015.
производство: 03/2008
мотор: 1.4 TSI 90kw/122hp
менувач: 6 степен мануелен
боја: сива металик
опрема: Comfortline, или: преден наслон, команди на волан, борд компјутер, 10 воздушни (колку што избројав каде што пишува :=) ), ЕСП и останати тракатанци.
моментално поминати километри: 122к км.
гаранција: 1 година на мотор и менувач
Доста е одржан и надвор и внатре и е во потполна сток состојба. До сега имам поминато 4000 км и доста задоволен сум.
Потрошња успеав да спуштам до 6.2 (спрема борд, средна вредност), а иначе во нормални услови иде до 6.6л/100км.
Претежно се вози на автопат со релативно кратки тури низ град.
Некоја слика кога го преземав, дур не најдам време да го сликам со мои таблици сега :=)












