Друштво, благодарам на коментарите.
Мало појаснување - поентата на информациите кои ги споделувам тука не е да покажам дека сум купил перпетуум мобиле. Цената на возење на ТСИ ќе биде, барем во догледно време, поголема од цената на возење на ТДИ, ако не се земе предвид почетната разлика на купување. ТДИ ќе троши во просек помалку гориво, а и самото гориво (барем на нашите пумпи) ќе биде во догледно време поефтино.
За трошоци на сервисирање ќе видиме во свое време.
Купив ТСИ затоа што сакав ТСИ, и не беше потрошувачката пресудна. Во спротивно, ќе си останев на фино опремен атмосферец со плински уред кој не троши повеќе од 10 литри (плин) на 100км, без разлика на стилот на возење.
Поентата (еве стигнав до поентата, ветувам) ми е да дадам барем некој пресек на потрошувачка на 2.0 ТСИ мотор во реални секојдневни услови, затоа што мене ми требаа такви податоци, а ги немаше - па можеби некому во иднина ќе користат. А и искрено, коментарите надвор од овој форум од типот (турбополнет мотор со 220 коњски сили - тоа ќе троши минимум 15!) ми досадија.
Во меѓувреме, во неврзан разговор при една посета на пералната кај Бушав, со дечки од Плимонт, добив информација дека за EA888 (CHHB) не ни има плински уред (барем во рамки на производните линии кои тие ги увезуваат). Иако, повторно ќе речам, ако беше потрошувачката пресудна...