Конечно стигнаа
Со здравје да ги тркалаш бандаживе, и дај боже ниту еднаш да не ги однесеш на исправање.
Имаше малку повлечи-потегни. Но дечките од Пнеуматик ми покажаа дека не е до нив, туку до испораката од OZ. Изгледа ширина од 7.5 не им е честа, и чекавме да ги произведат. Барем така кажуваше интранетот на OZ за дистрибутери.
Кога и каде на која трка ке те гледаме?
Секојдневно, правец Велес - Скопје, во рамките на условите на патот и предвидените ограничувања.
Топ бандажи, со убаво да си ги возиш . Цена?
Со здравје да се извозат безгрижни километри.Ме интересира од каде ѓи купи и колку ги плати.
Купени од Пнеуматик. Генерално одлично искуство, дечките ме информираа за напредокот, и ги платив при преземање. Имав една непријатна епизода со еден од вработените кому не му се веруваше дека јас сум ги порачал (бев тазе бричен), но другите вработени малку го корегираа.
Во однос на цената, би ве упатил во Пнеуматик. Не е фер кон двата членови од Форумот кои несебично се залагаа за бандажите, на што искрено сум им благодарен, а и барав модел со точна ширина и ЕТ. Во најмала рака, можам да потврдам дека цените се ужасно компетитивни, и ако се спореди со Британија (да речеме), верувам дека на просечен Британец му се исплати да дојде, купи и си ги однесе.