Ќе го има ваљда оваа година Камарото, и јас ќе го гласам со најголема сигурност. Меѓутоа GTS-PDK е многу слична играчка каква што е Камарото. Затоа мора да го гласам и него. Исти се во игривоста. Особено во оној дел како прават да се чувстувуваш. Кога ќе се стави GTSот во Спорт Плус е како бураго количка да возиш. На 150кмч личи како да одиш 300кмч. Многу убава кола која прави да ти е многу интересно без многу да ја прекорачуваш дозволената брзина. Секако во комфорт мод на работа е тивко и убаво за возење на автопат на пример. Пука, урла, се дере, корне дрвја околу себе во спорт плус. Доживљај е сиротото. Се чувствува огромна веселост при секое допирање на гаста. Во рангот од 0 до 160кмч владее на патот. Тоа си го прават 350 коњски сили, но еве во споредба 911ката турбо е доста помоќна и побрза - но би рекол не толку интересна и драматична.
Мислев дека дефинитивно ќе сум за Turbo S, но искрено и лично за мене јас би одел на GTS. Минатата година 911ката ми се виде драстично подобра од Кајманот. Но гледам дека разликата била во PDK. Лани кајманот беше мануелен, а 911 беше PDK. И ми се допадна онаа со PDK. Но сега кога и двете се со PDK може да се забележи колку всушност се блиски меѓусебно. Сите модели се и повеќе од добри зборуваме за некои си сонови и финеси веќе и GTS - PDK за мене би нудел повеќе динамика, повеќе игривост, но и доста помалку казни! Затоа би бил мојот избор.