Ако оригиналното радио ти е Бекер или со ознака Мерцедес, ке ги фаќа најдобро станиците. Ниедно афтермаркет радио нема да лови станици толку добро и прецизно.
Околу афтермаркет радијата.
Би ти препорачал да си купиш радио кое ке има и ЦД и УСБ, нормално доколку ти се уклопува во буџетот.
Тие што се само со усб и радио се како тенекија.
Дел од нив се склапани некаде си.....на брод да речеме.

Тие па поготово за 3500 што ги продаваат апла се безвезе.
Незнам ни дали ги има по оицијалните веб сајтови.
Значи препорачувам да погледнеш Кенвуд првенствено, а потоа се останато. Имаш и во Беверли Хилс продавница за Кенвуд, имаат доста често многу појаки модели на попуст. Рецимо модел 2013 или 2014 за упола цена...
На него ке имаш и блутут и 300 други тракатанци.
Провери, види.
Појачалото е ОК, а вуферот исто така.
Но ако си за вуфер зимање, можеш да ме исконтактираш, ке ти дадам убава понуда за ганц нов. Концептот и кутијата се баш како на сликата што ја има на сајтот на Нептун.
Поздрав