http://koli.com.mk/novosti_vnatresna.aspx?id=6881
Различен е и изборот на батерии, кои во случајов имаат поголем капацитет и се со литиум-железо-фосфат технологија, која има можност за 2.000 циклуси на полнење.
...
Без батерии, само со електромотор и другите придружни компоненти, цената изнесува 1.850 евра. Со гел батерии, цената е 3.342 евра, додека со литиум-железо-фосфатните батерии, цената е 7.158 евра. Нормално, и овде во цената е вклучен само електричниот погон.
2000 полнења со домет од 50km. Дали тоа значи дека батериите ќе издржат 100 000 километри, пред да е потребна замена?
Според нивните информации таа километража би ве чинела 25 000 денари за струјата и 3342 или 7158 евра за батериите. Не е пишано која од овие две цени е за батериите со 2000 циклуси.
Еквивалентната километража со плин не би чинела повеќе од 240 000 денари = 4000 евра. Ако батерииве се од поскапите, ништо од заштедата.
Ако се поевтините, наместо месец за месец да им ги давате парите на Русите, вие неколку години однапред им ги давате на корпорациите за производство на батерии.