Во тој ценовен ранг зависно од потребата која што ја имам : audi a3 sedan 2.0 tdi (со нешто послаба опрема), passat 2.0 tdi 185 (со нешто ситно послаба опрема), суперб (со мотор како пасатот и со опрема до плафон) Значи сите коли се од различни класи, а најмногу се разликуваат во димензија. Во реалност ниту една кола никогаш не ми била тесна напред, а одзади не ми било пресуден просторот при избор на автомобил. Мене лично на изглед мазда 6 ми е убава ама не е поубава од 3ка седан па дури и од хечбекот. Тој дизајнерски јазик најмногу прилега на 3ката. Октавија рс, врс не би погледнал затоа што за тие пари се зема леон купра 280, ем побрз, ем со посуптилен изглед додека шкодата изгледа како некој полска тјунинг гаража да правела афтермаркет стајлинг. Сите тие визуелни промени не стојат на линијата на колата. Караванот е друга приказна ама тука нели не зборуваме за каравани. А шкода дека е на многу високо ниво денес, вистина е. Мислам дека моментално има пософистицирани модели од сите француски ривали, од опел, од киа и хјундаи,а со форд се тука некаде. Значи имаат и добри платформи и одлични дизелски и бензински мотори, и голем дијапазон на модели, ја потполнија скоро секоја класа. Како за шкода има предрасуди во Европа, така и за хјундаи има во САД, до скоро важеше за нужно зло за некој што му требаат 4 тркала и волан, а денес еве што се успеаја. Ама европскиот пазар ќе кажам дека уште им е преголем залак. Им фалат 3-4 платформи, 5-6 мотора, звучна изолација, пофини материјали и модели кои ќе ги нудат само за европскиот пазар а не глобални модели.