Автор Тема: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift  (Прочитано 11792 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #15 на: 31 Март 2015, 21:20:44 pm »
Шознам, пак ми е прегломазна у анфас ..

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #16 на: 01 Април 2015, 07:40:54 am »
Една мала забелешка до Зеро. Не само во овој текст и многу други гледам дека го употребуваш зборот "примети" како на пример "Визуелно можеби и нема да приметите значителни разлики". Мислам дека "забележите" е граматички подобар израз.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #17 на: 01 Април 2015, 09:44:41 am »
Тенкју, забелешката е прифатена, ќе внимавам повеќе во иднина! :)

Отсутен Kaiser

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #18 на: 01 Април 2015, 10:38:06 am »
Не е малку скапичко 38.000 еури за ова....?

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #19 на: 01 Април 2015, 10:40:39 am »
Ко ќе те запаткаат сега ќе видиш. Прво кажи си колку пари имаш па после смееш да коментираш за цени на форумов. :)
Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #20 на: 01 Април 2015, 10:52:41 am »
Не е малку скапичко 38.000 еури за ова....?

Во изолација делува скапа. Кога ќе ја споредиш со директната конкуренција која би била компаративно опремна, па и не толку. Од колите од оваа класа се бара да понудат што е можно повеќе опрема, играчки, моќ, итн, итн, а сето тоа си влијае на цената.

Цената на Мазда 6 почнува од 26.000 (мислам).

Исто како што има Passat и Mondeo za 50.000 евра, има и ваква 6-ка за ~38.000, па и 40.000 ако решиш да нафрлиш уште сончев кров и пар други ситници..

Отсутен Kaiser

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #21 на: 01 Април 2015, 11:17:39 am »
Ко ќе те запаткаат сега ќе видиш. Прво кажи си колку пари имаш па после смееш да коментираш за цени на форумов. :)

Паре нису проблем.... :)

@zeroSignal , не е спорно дека со директната конкуренција се споредува, ама некако тешко ми е да склопам Mondeo  со оваа цена. Во титаниум изведба(најскапата)  -новото Mondeo (со мотор со 180 КС, дизел) е 7.000 илјадарки пониско од Маздава.... 7.000 евра не се за потценување. Во нашиов случај тоа е преку 20% разлика....
Не е малку,никако.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #22 на: 01 Април 2015, 11:34:32 am »

Прво ти не си склопил, туку си видел од ценовник. На пример и по ценовник Пасатот е рецимо 40 максимум, а го имавме на тест тој од 52000. Исто и со другите коли. Имаш дополнителна опрема и над титаниум. Но, да се задржам на темата. Еве прост пример, во мондеото имаш 1000 еур спортски седишта згора на титаниум. Мртов агол уште 800, спортска суспензија 200, стартување без клуч 500... така? Епа така. 32? 35? 38000?

И најважно од се е што Мондеото ќе дојде тука некаде, ама нема да е добро колку маздата. Од кај сакаш да почнам? Од дисплејот внатре во мондеото, кое е класа под Мазда? Од Моторот кој има лаг може најголем во класата, а другиов има најмал лаг во класата. Од каде? Од простор на задни седишта? Мондеото е можеби на хартија конкурент на Маздава, но реално јас сметам дека има пола класа разлика меѓу нив. Едноставно маздата е нешто подобра во се од Мондеото. Како кола значи Маздата е подобра. Еве рецимо како и Гојдо, јас БИ помислил да купам Мазда 6, Пасат, или Суперб, но Мондео на пример не би купил. Јас лично. Форд ги мрзам? Не, јас секогаш ги бранам кога има да се брани нешто, како Фиестата и Фокусот, кои се со соодветни цени и соодветни квалитети, но Мондеото не е таков случај.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #23 на: 01 Април 2015, 11:38:52 am »
@zeroSignal , не е спорно дека со директната конкуренција се споредува, ама некако тешко ми е да склопам Mondeo  со оваа цена. Во титаниум изведба(најскапата)  -новото Mondeo (со мотор со 180 КС, дизел) е 7.000 илјадарки пониско од Маздава.... 7.000 евра не се за потценување. Во нашиов случај тоа е преку 20% разлика....
Не е малку,никако.

Ford Mondeo 2.0 TDCI Titanium со Dual Clutch Automatic е 32.990 (да речеме 33.000 евра). Арно ама, Титаниум оди со 16“ тркала, не-кожни седишта, мал мултимедијален уред и обични светла.

Да ги изедначиме тие работи:

- Делумно кожен ентериер - Seat Pack 5 - 2700 EUR, или
- Целосно кожен ентериер - Seat Pack 6 - 4000 EUR
- Ice Pack 48 (8-Инчен дисплеј со навигација, дрн-дрн) - 1400 EUR
- Technology Go Further Pack 2 (lane keep assist, blind spot monitoring, active city stop, адаптивни LED предни светла - работи што ги има во маздата) - 2800 EUR
- 19-инчни тркала (апропо маздата) - 1200 EUR

и сме стигнале до бројка од.. (пали calc)

42400 евра (со фул кожа седишта, како во маздата).

Сигурен сум дека на тоа може да се додаде уште нешто - како што е 600 евра за металик боја, затемнети задни стакла за 200 евра, итн, итн, итн..

Едит: Возевме Mondeo Titanium после нова година. На Дени не му се свиѓаше, мене ми се свиѓаше. Еве колку кошта тоа, со мануелен менувач и без кожа, итн, итн, итн..

Отсутен Kaiser

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #24 на: 01 Април 2015, 11:57:27 am »
^^
Имам впечаток дека многу ти е нервозен постов горе.... со должна почит кон тоа што ти го правиш за овој сајт (посебно за твоите 31.000 мислења) дозволи човек да има различно мислење дури и погрешно да е. Впрочем една од целта на форумите е и тоа.

За темава конкретно, далеку дека 6-та  е лошо ауто,....ама не прифаќам дека Мондеото не чини.
Тоа дали се седело овака или онака на задни седишта, просечен купувач во МК- тоа ќе го гледа како "уметнички дојам" на тој што ја пишувал рецензијата....

Мое мислење е во старт дека Мазда 6 е  скапо ауто.

Отсутен Kaiser

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #25 на: 01 Април 2015, 12:07:17 pm »
@zeroSignal...

Споредбата како гледам е правена за новото мондео.
Ако се споредува со претходниот модел, разликите се драстични....

Реално знаејќи ги политиките на дилерот на Форд за МК, сигурен сум дека цената на Мондеото ќе надоле за 1 година.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #26 на: 01 Април 2015, 12:11:00 pm »
Не гледам реална причина да споредувам со старото Мондео, со кола што веќе не се произведува и може да се купи нешто останато од стари залихи, по дампинг цени.. Новото е светлосни години понапред во однос на старото.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #27 на: 01 Април 2015, 12:16:59 pm »
Мое мислење е во старт дека Мазда 6 е  скапо ауто.
Koј е поефтин од неа, а да го нуди истото, освен Октавија и Суперб?

Отсутен Kaiser

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: CARclub Тест: Mazda 6 2.2 CD 175 SKYACTIV-D Ultimate Facelift
« Одговори #28 на: 01 Април 2015, 12:44:43 pm »
Citroen C5 .

Мазда 6 веројатно ќе биде тука некаде со цена на Авенсис со ваква опрема.
Авенсис по мој вкус е многу поубаво ауто отколку М6.По мое мислење.

Би било многу по фер да се споредуваат основните цени,од ценовник.

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 587
Одг:
« Одговори #29 на: 01 Април 2015, 16:11:11 pm »
@зеро За багажниот простор имаш пишано  различни бројки во излагањето и во спецификацијата
Одлична е Маздава