Автор Тема: Renault 4 GTL (1991)  (Прочитано 12172 пати)

Отсутен Callidus

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #15 на: 29 Март 2015, 21:01:44 pm »
Комшија ново лисичанец а?

Ти го видов Ренолчето на паркинг :)

Убаво средено. Браос!

Фала комши :)

Retrovizorov sto go imas na slikata mi lici kako od GOlf 1... se slagam so Prcot za branicite ama mene i vaka mi se svigja :) Skoro gleav edna cetvorka po otpadive...da prosetas nakaj lisice...

Можно е ретровизирото да е од голф, ставен е привремено додека најдам некој сочуван сет. А браниците многу ми прават мерак :) Единствено ако успеам да најдам сочувана можно е да му ја ставам кремастата маска од ГТЛ за да одговара на пластиките од страните, ама многу тешко се наоѓаат делови за 4-ки упм. Да ми се отвори слободен ден неделава идам одма во лов по отпади.

Во ред ако тебе ти се допаѓа, пушти уште слики од внатрешноста и од надвор.

Во внатрешноста не е завршена работата, или ќе најдам предно седиште или ќе оди на претапацирање. Едното е ептен испукано на неколку места.

Еве уште по некоја фотографија, а откако ќе се среди целосно ќе му направам онакви „брошурски“.

Пред реставрацијата:


После:




Стаклото на десниот фар е пукнато (одамна) и со тек на време од нечистотија влага итн. е замаглен, затоа барам нов






Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #16 на: 31 Март 2015, 22:04:43 pm »
Убав ГТЛ!
Овој ако не се лажам е 34 коња?
Читав некаде дека може сериозно да се добие на сила ако на овој мотор му се стави глава сосе усисно-издувна грана и карбуратор од Рено 5 Кампус исто 1,1. Тоа има 44 коња.
Мене ми држи вода муабетот бидејќи кога на Кампус менував сет дихтунзи на цел мотор, се беше исто освен дихтунгот на граната. Значи се се фаќа без преправки, освен што водната пумпа ќе треба да се стави на другата страна од главата, а и таму има оставено место...

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14249
  • Пудингот на шоферството
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #17 на: 31 Март 2015, 22:09:01 pm »
Mislam deka poslednite serii na 4-kite imaat 1.1 motor od 5-ka...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #18 на: 31 Март 2015, 22:19:03 pm »
Се е исто освен глава, грана и карбуратор :)
Оттука е разликата од 10 коња.


Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #19 на: 06 Април 2015, 01:01:30 am »
може и поише од 10 коња да се добие... само си бара многу тинтрање на усиси, издуви, друг карбуратор, корекции на дизни итн итн...


али воглавном, за рено 4 важи правилото дека, ако не чепкаш во моторот ништо, т.е. се е оригинално, од тераса да му ги покажеш клучевите ке запали моторот одма... али чепнеш ли нешто, отиде тоа се во аут... рено 4 и тл и гтл имаат НАЈ ПРОСТ карбуратор што може да постои... дури на застава се по комплицирани карбураторите...

ќе те разочарам и за фарот... го најдовме... и тоа 2 комада... и двата у канта завршија... некако се десило да падне тој пакет веројатно преходно, и без да се примети дека фаровите се скршиле, а биле легнати на метална цевка...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Callidus

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #20 на: 06 Април 2015, 23:47:08 pm »
ќе те разочарам и за фарот... го најдовме... и тоа 2 комада... и двата у канта завршија... некако се десило да падне тој пакет веројатно преходно, и без да се примети дека фаровите се скршиле, а биле легнати на метална цевка...

Штета за фаровите...инаку не сум пишал тука, сакам прво да наместам се па да пуштам фотографии од деловите.
Кај еден мајстор од Сингелиќ најдов фар, два ретровизори, кедер за задната лева врата, заден амблем, а се надевам во скоро време ќе има и две седишта + капачиња за бандашите.

Кога веќе спомнувате, барам и карбуратор, а од „списокот“ си остануваат волан и кедер.

Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #21 на: 06 Април 2015, 23:53:22 pm »
Zenith 28 IF карбуратор мислам дека оди на ГТЛ оригинално

Отсутен Deno

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2606
  • Custom made interiors
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #22 на: 07 Април 2015, 00:18:14 am »
Ренолче четворка одсекогаш ми било кул количе и тоа со светло сина небесна боја.

Супер си го средил, само ти фали освежување на предната маска и фаровите да ги смениш и ќе биде прекрасно.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #23 на: 07 Април 2015, 02:04:12 am »
е за карбуратор... ај утре пак... има во гаража околу 100 карбуратори...

али ај кажи ми зашто карбуратор... што е со твојот? па стварно нема по прост карбуратор на светот... автоматски и нема полесен за поправање... значи на фичо е 10 пати по комплициран...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Callidus

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #24 на: 07 Април 2015, 03:07:35 am »
е за карбуратор... ај утре пак... има во гаража околу 100 карбуратори...

али ај кажи ми зашто карбуратор... што е со твојот? па стварно нема по прост карбуратор на светот... автоматски и нема полесен за поправање... значи на фичо е 10 пати по комплициран...

Речено ми е дека е подобро да се земе друг отколку да се прави постоечкиот, не знам што точно му е маката а не се разбирам доволно сам да го поправам.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #25 на: 07 Април 2015, 10:49:32 am »
па добро... кажи како реагира, што се случува, што не работи како што треба...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10953
  • 430i
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #26 на: 07 Април 2015, 13:27:35 pm »
Кој ја памти рекламава да дигне 4 прста :)


Отсутен kargh77

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 434
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #27 на: 07 Април 2015, 19:15:33 pm »
4 прста од мене :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #28 на: 08 Април 2015, 02:26:24 am »
имаше уште една... со рено 4 poi[e комада.. без крила предни, нешто во стилот на рели вожња... чек да ја побарам....
 
едит...

еве ја.. грешка сум за крилата.. изгледа рели рекламата без крила беше за спачек и дијана.... али точно на оваа мислев за рено куатро:

www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Callidus

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #29 на: 08 Април 2015, 14:28:20 pm »
па добро... кажи како реагира, што се случува, што не работи како што треба...

Најчесто на малку поладно време, и вообичаено во првите неколку километри вожња после палење моторот се гуши и саухот не може никако да се погоди - или реагира како да му е многу и се пригушува, или реагира како да не е доволно и почнува да се гаси (често се случува да ми се изгаси откако ќе ја отпуштам гаста неколку пати пред да се стабилизира). Знае и да изреагира чудно при префрлање од втора во трета и да „побара“ да се попушти саухот.