Автор Тема: Renault 4 GTL (1991)  (Прочитано 12171 пати)

Отсутен Callidus

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Renault 4 GTL (1991)
« на: 27 Март 2015, 22:11:36 pm »
Најпрво, здраво на сите! Често го посетувам форумот ама само како читател, а посебно темиве од овој подфорум - ептен имам мерак на вакви Wheeler Dealer проекти. :) Ја поставив истава тема на ГСМ форумот и од таму ме линкуваа овде.

Пред некоја недела ми го вратија од мајстор ренолчето, освежено и дотерано :) Ќе закачам една фотографија колку да илустрирам, а фотосесија откако ќе биде целосно реставрирано.



Најголем дел од работата е завршена - пеглање, фарбање, бандаши, нови браници, нова маска, подвозје итн. Ми фалат уште неколку делови:

- 1x страничен ретровизор (десен)
- 1x фар, или само стакло од фарот
- 1x предно седиште
- волан (би го заменил постоечкиот само ако „новиот“ е ептен сочуван)
- заден амблем "RENAULT 4 GTL"
- 4x капачиња за средината на бандашите
- кедер (постоечкиот на места е малку оштетен, не е лошо да се смени)

Ако некој од вас има или знае човек што има раскомадана четворка/делови ве молам пишете тука или во приватна порака, фала однапред!

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #1 на: 27 Март 2015, 22:13:15 pm »
Дај повеќе слики, не биди скржав :)

На нет не можеш да најдеш дел од деловиве што ти фалат?
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6112
  • 69
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #2 на: 27 Март 2015, 22:14:39 pm »
Добре дојде во најголемата автомобилска заедница во Македонија.
Интересен проект.
Членот @onak мислам дека ке биде заинтересиран за твојов проект.
Сентиментално е заљубен во рено кватро, еднаш тоа го призна. :)
Мислам дека ке ти се најде за деловиве, ако не се лажам.
BTW имај пријатен престој на нашиот форум.
:)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Callidus

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #3 на: 27 Март 2015, 22:23:20 pm »
Дај повеќе слики, не биди скржав :)

На нет не можеш да најдеш дел од деловиве што ти фалат?

Повеќе слики кога ќе биде готово, плус пред-и-потоа :)

Побарав на ибеј и најдов само капачиња за тркалата ама во секој случај далеку попрактично ми е да најдам од тука.

Добре дојде во најголемата автомобилска заедница во Македонија.
Интересен проект.
Членот @onak мислам дека ке биде заинтересиран за твојов проект.
Сентиментално е заљубен во рено кватро, еднаш тоа го призна. :)
Мислам дека ке ти се најде за деловиве, ако не се лажам.
BTW имај пријатен престој на нашиот форум.
:)

Здраво и тука Сале :) Му пишав на onak, се надевам ќе има нешто од деловите.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #4 на: 28 Март 2015, 00:19:56 am »
ај здраво. да.. рено QATRO ми беше и сеуште ми е на срце легнато. на времето едно репарирав а едно реставрирав, т.е. го дигнав од мртвите. ке пуштам тука слики... ама за жал одамна не сум имал ништо со нив. да видам низ гаража кај боро дали се наоѓа нешто од ова што го бараш па утре вечер ке ти пишам тука... инаку гледам дека е гтл со 1100 машина.. моето беше тл со 850 машина, иако му наредив пластики и маска од гтл...

едит... еве слика... од лево е какво беше, од десно какво го направив јас:



имам 20-тина слики ако си заинтересиран, ке пуштам нешто тука, во темава... а ако запнеш на некој дел со средување, пиши слободно, ке се обидам да ти помогнам...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #5 на: 28 Март 2015, 00:25:53 am »
еве за почеток.... страничниот ретровизор што го бараш, ти одговара ист како од југо втора генерација што ги тураа или на застава гтл-ките. пластичен, четвртаст. само одоздола од лежиштето ке го пуштиш на куглата, и ке го префрлиш на лежиштето од другиот ретровизор.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Callidus

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #6 на: 28 Март 2015, 00:47:33 am »
ај здраво. да.. рено QATRO ми беше и сеуште ми е на срце легнато. на времето едно репарирав а едно реставрирав, т.е. го дигнав од мртвите. ке пуштам тука слики... ама за жал одамна не сум имал ништо со нив. да видам низ гаража кај боро дали се наоѓа нешто од ова што го бараш па утре вечер ке ти пишам тука... инаку гледам дека е гтл со 1100 машина.. моето беше тл со 850 машина, иако му наредив пластики и маска од гтл...

едит... еве слика... од лево е какво беше, од десно какво го направив јас:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

имам 20-тина слики ако си заинтересиран, ке пуштам нешто тука, во темава... а ако запнеш на некој дел со средување, пиши слободно, ке се обидам да ти помогнам...

Каква разлика, супер изгледа четворкава! Пушти фотографии кога ќе можеш.

Инаку да моето е 1100. 90% од работата на реното е завршена - буквално се друго му е поправено/заменето/средено, ми останаа уште деловите од листата погоре.

Фала за советот за ретровизор, ќе побарам и таков сет. Ако случајно најдеш некој од деловиве што ги барам пиши, едвај чекам да го досредам скроз. :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #7 на: 29 Март 2015, 03:05:16 am »
од погоре наведениот список, веројатно фар ке има само... ама денес заглавив до ниедно време.... 2 сабајле е, до сега фарбавме една кола, па некако слабо време за проверка... еве ке се потрудам утре да проверам...
« Последно менување: 29 Март 2015, 03:12:25 am onak »
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен Callidus

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #8 на: 29 Март 2015, 12:01:27 pm »
Супер, пиши ми само број ако сакаш по приватна порака и кажи кога ти одговара да ти ѕвонам. Не е ништо итно така да не брзај, нејќам да ти стварам обврска...кога ќе можеш - тогаш :)

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #9 на: 29 Март 2015, 12:28:17 pm »
Супер проект! Ова е кола од моето детство, израснав во 4 ГТЛ. Некој ден коа ќе можам ќе реставрирам едно и ќе ми биде кола за викенд вожњи. Вака од сликава можам да ти кажам дека си ја изгубил автентичноста на ГТЛ со хромираните ТЛ браници.

Отсутен Callidus

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 9
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #10 на: 29 Март 2015, 13:24:19 pm »
Супер проект! Ова е кола од моето детство, израснав во 4 ГТЛ. Некој ден коа ќе можам ќе реставрирам едно и ќе ми биде кола за викенд вожњи. Вака од сликава можам да ти кажам дека си ја изгубил автентичноста на ГТЛ со хромираните ТЛ браници.

Е да, и јас сум секогаш за задржување на автентичноста, ама кога ги видов како и „легнаа“ на сјајната боја...

Отсутен Prcot

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3464
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #11 на: 29 Март 2015, 13:31:03 pm »
Во ред ако тебе ти се допаѓа, пушти уште слики од внатрешноста и од надвор.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13874
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #12 на: 29 Март 2015, 15:58:17 pm »
Најпрво, здраво на сите! Често го посетувам форумот ама само како читател, а посебно темиве од овој подфорум - ептен имам мерак на вакви Wheeler Dealer проекти. :) Ја поставив истава тема на ГСМ форумот и од таму ме линкуваа овде.

Пред некоја недела ми го вратија од мајстор ренолчето, освежено и дотерано :) Ќе закачам една фотографија колку да илустрирам, а фотосесија откако ќе биде целосно реставрирано.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Најголем дел од работата е завршена - пеглање, фарбање, бандаши, нови браници, нова маска, подвозје итн. Ми фалат уште неколку делови:

- 1x страничен ретровизор (десен)
- 1x фар, или само стакло од фарот
- 1x предно седиште
- волан (би го заменил постоечкиот само ако „новиот“ е ептен сочуван)
- заден амблем "RENAULT 4 GTL"
- 4x капачиња за средината на бандашите
- кедер (постоечкиот на места е малку оштетен, не е лошо да се смени)

Ако некој од вас има или знае човек што има раскомадана четворка/делови ве молам пишете тука или во приватна порака, фала однапред!



Комшија ново лисичанец а?

Ти го видов Ренолчето на паркинг :)

Убаво средено. Браос!

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3601
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #13 на: 29 Март 2015, 19:23:18 pm »
Retrovizorov sto go imas na slikata mi lici kako od GOlf 1... se slagam so Prcot za branicite ama mene i vaka mi se svigja :) Skoro gleav edna cetvorka po otpadive...da prosetas nakaj lisice...

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен gnaum

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 179
Одг: Renault 4 GTL (1991)
« Одговори #14 на: 29 Март 2015, 20:16:24 pm »
Ренолчево изгледа одлично само дај пушти уште некоја слика