Каде во Скопјево избор на жица за Flux Core заварување? (полнета жица, што не треба боца со гас)
Во Маквелд имаат само големи котури од 5 кила (и баш скапа, ЕСАБ).
Чисто за информација прашувам, имам доволно за вежбање си земав неколку котурчиња Парксајд од пола кило.
ВО ИНГКО 350-380 денари кило, или железарија љупчо во лисиче
Фала. Тоа е најевтино досега. Ќе купам да пробам Ингко следно кога ќе идам до Евтинија или Комбо (а секако сакав да идам по anti-spatter спреј).
Парксајд жицата е 500 динари пола кило, или ~250 наши денари што му доаѓа ~500 денари за цело кило. Иста цената е за кило 0.6/8 и 1 мм дебелина.
Во меѓувреме најдов дека во Ариље метал држат некоја Botech жица, тој што се јави кажа дека бил „наш бренд“ ваљда мислеше дека они си ја брендираат (како СТ во Сет(ек), или Стими во Стокомак).
0,8 мм e 620 den+ddv za kilo koturot e od kilo
1 e мм 530den +ddv za kilo koturot e od 5kg
https://makweld.mk/p/4484/coreshield-15-08mm-45kgШтета што има слаб избор од европски/германски произведувачи. Ова погоре од ЕСАБ е сигурно добра жица ама за 1120 денари по кило е скапа. Јас апаратот го земав за ~6 илјади а ова 4.5 кила жица кошта 5К. Плус иде во котури од 4.5 кила а во помалите апарати како мојот собира само котури од едно кило. Премотувањето не е препорачливо, може да направи големи проблеми.