Maлку да споделаm искуство со Black+Decker, мулти клештата што ја купив за 700ден („демек на попуст“).
Сакав ваква за вранец со точакот да не се најди некогаш, а да е компактна.
Ама едноставно сум разочаран, едно од полошо потрошените пари, зошто?

Клештата е фалична, во кина од брзање жолтиот заборавил еден прстен меѓу алатки, па овие 3-те се лабави.
Ќе му најдам јас некоја шајбна ќе го средам, ама оти да биди така.

Крстачот не знам дали воопшто е користлив, крстач плоснат каде се видол?

Па за да стигниш до него, тој крстачот или било кое средно алатче ако сакаш да го извадиш, ти треба да имаш уште една алатка, или 2мм дебел нокт.
Па и тие малите, се: отворач за шише (дафак?), штрафцигер, крстач и уште едно ноже мало.


И на крајот, материјалот на клештата е обичен челик, за 10евра додуша толку и можи да се добие,
да пресечиш до 2мм тељ, и добиеш печат на рацете од клештата, пошто има ергономија никаква. Ако треба за нешто посилно да стегниш, завртиш, ги искина рацете. Ама, за пластични врвци сечење е тамам.
Футрола немаше.
Од Black+Decker ништо повеќе не би зел, еквивалентот Topmaster или Topex ќе го понудат истото за поефтино, по регуларна цена.