Гарнитуриве би ги зел за по дома, ете штекер се откачил, брава, кабел, за такви ситнурии. Не дека немам, ама вака скоцкано во кутија да си седи дома, да не одам до гаража, зошто кога земам од гаража немам навика одма да вратам.
А штрафилицата, бидејќи немам никаква а очајно ми треба. Имам бурмашина со потенциометар, штрафам и со неа ама ете некаде каде што е потесно не ја собира. Друга работа е што не треба да мкнам кабел каде и да одам. Искрава за ценава мислам дека е ок, не сум прошетал и разгледувал од дамна батериски штрафилици, па незнам како се со цени.