Првпат на форумот? Добредојдовте, и погледнете ги правилата!CARclub.mk е достапен и на Facebook како и на Twitter!
Досега не сум пазел што мемории додавам во компјутер, ниту ми било гајле дали се исти или различни. Ама баш се заинтересирав дали треба мемориите да се исти, или не мора. Перформанси?Еве конкретен пример, случајно приметив дека паднала ценава на РАМов па зашто да не се стави.Имам 2х2гб во лаптопов. ХП павилион. Го отворив ама не гледам што марка е.Прашањето ми е, дали би изгубил на перформанси ако ставам 1 плочка ДДР 3 1333Мхз со 4гб. Со тоа би имал 6ГБ рам, ама со различни плочки. Забележал некој нешто разлика во перформанси кога се различни плочките во однос на исти?Логично би било и два по 4гб, ама доста ми се 6гб во моментов затоа прашувам.-Која е најбрза меморија за лаптоп ДДР3 што се наоѓа кај нас?