Македонско убаво однесување за на плажа...
1. Стани во 4 сабајле и зафати 6 лежалки- 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за
секој случај. После врати се у кревет и спиј до 12 на пладне.
2. На просечен Македонец му требаат 8 квадрата - 5 за пешкирот и 3 за
апостолките 3. Треба да се понесе лап топ, ајпод, блекбери, камера,
транзистор и апарат за да се прати слика на фејсбук.
4. Книга не смее да се носи, тежи.
5. Ако немаш сунцобран, намести се така сунцобранот на комшиите да те
покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале.
6. Радиото треба да свири турбо фолк, а мобилниот Бах.
7. За деца до 12 г нема потреба да се инвестира во купачи. Деца се.
8. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со
јака децибелажа.
9. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види
кој е алфа-мејл.
10. Најголем гушт е лубеница да се јаде на плажа, а корупките да се остават
ПОКРАЈ кантата. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата 11. Цигарите
најубаво се гасат збрцани у песок. Со кармин на пикавецот, да се знае која е
лејди 12. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка
од Врање 5 лежаљки подалку од твојата.
13. Ако не ти е е сменета постелината сабајлето, на рецепција се правиш
пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш.
14. Пивнуваш пиво, одиш на пливање и после зимаш ново, ладно. Затоа е ол
инклузив!
15. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси, после да
заспијат поубаво.
16. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дур од
Македонија па не се слуша 17. Купачите најубаво се сушат опнати на
сунцобранот горе.
18. Шведската маса е за да земеш од се и најдобро во ист тањир - кој вика
дека не идат риба и баклава?
19. Не си бил на море ако не купиш оригинален Луј Вутон на плажа.
20. На децата им купуваш свирчиња, зашто вувузелите се потрошиле.
21. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со
пластични коцки до 4 сабајле. Пред да легнеш, одиш и ги местиш пешкирите за
утре.
Колку е само точно ова . Еве кога бев сега во Црна Гора , сабајлето во 9 саат пијам кафе у кафичите покрај плажа , со една црногорка (другпат ќе ви кажам за ова ) и гледам идат цела чета луѓе не деца , жени , мажи , баби што не , и така си газат по сите пешкири ич мува не ги лази , се наместија ги испофрлаа пешкирите од нивната околина , и заседнаа . 5 чадори 7 лежалки 2 фрижидерчиња , плинско , кеси со јадење , 1 бостан , динче и праски , и ги посматрам луѓево гледам што глупости прават , првен доручкуваа , кога го извади таа пинџурот цела плажа засмрде на патлиџани , и луѓево се разлапаа сите , а цела плажа им се смее , бостан сечат и овој татко што им беше на тие малите дечиња , зима едно лопатче од тие што си играа дечињава и почна да копа , во песокта напраи дупка , ги бапна корупките внатре ги потрупа . И викам од кај се луѓево и онака си поминувам покрај нив и викам саат да прашам колку е , и овој мисиров ми вика , ејј земјак како е . И сомнеживе ми испаднаа точни , и се запознавме луѓево беа од битола , и правеа комедии . Пример едниов влегува во вода со син му во раце , и вика сине сине види позади меурчиња тате прдна .