Пепелашка му вели на принцот:
- Чевличката ми е таман! Кога ќе правиме свадба?
- Тоа беше полуфинале. Сега ќе ги мериме цицките.
Се враќа Хасо од Германија со ново BMW во своето родно село. За несреќа, му се дупнува гумата пред самото село.
Зема Хасо дигалка и резервна гума од багашник, кара врни, и се фаќа за работа. Кога, ете ти го Мујо.
- Што парјш бе Хасооо!
- Еве, вадам гума, у пизду материну!
Тогаш Мујо зема камен го фрла во шофершајбната на BMW-то.
- Што прајш бе будалаааааа!?
- Ќути и вади ја побрзо гумата, а јас за тоа време ќе го вадам радиото!
Некој човек отишол во продавница да си купи леб.
- Колку е црниот леб?
- 50 денари...
- Многу, бе! Како може да е толку скап?
- Сега ќе ви објаснам: првите десет денари одат кај премиерот. Вторите десет денари одат кај претседателот. Третите 10 денари одат кај министерот за економија. Четвртите 10 денари одат кај министерката за култура. И последните 10 денари се за лебот.
- Ајдееее... Ама, еве ти 50 денари и дај ми еден леб, многу сум гладен.
Продавачот ги зема 50-те денари и му враќа 10 денари.
Човекот се зачудил:
- Зошто ми враќаш 10 денари, нели лебот е 50 денари?
- Па, нема леб!
Во јавен нужник, додека во едната кабина некој човек се мачи да се испосери (запек), во другата влегол друг човек, седнал, испуштил едно „ах“ и се слушнало „плоп“.
Оној од првата кабина му дофрлил:
- Ех, блазе си ти колку брзо заврши!
- А бе, што блазе си ми, ми падна мобилниот!
Тропа некоја питачка со бебе во рацете на џамот на некој возач.
- Ќе ми даеш десет денари за бебето?
Возачот и дава 10 денари.
Оваа пак му тропа на џамот.
Возачот нервозно:
- Па што сакаш сега!? Нели ти дадов 10 денари!?
Питачката:
- Па, да ти го дадам бебето.
Еден човек прашува новинар:
- Вистина ли е дека ние, Македонците, сме и продале 100 000 компјутери на Јапонија?
- Се разбира дека е вистина! Само не на Јапонија, туку на Јамајка и не беа компјутери туку компоти, и не ги продадовме, туку ни ги вратија.