Поминува Перо покрај гробишта, кога пред него излегува вампир. Перо право вади крст, а вампирот:
- Џабе ти е тоа батка...Јас сум муслиман...
Мало дете ја прашва мајка му:
- Мамо, на некој човек ко ќе му се расипе колата, што и прај?
- Му ја продава на татко ти!
Двајца пијани се враќаат рано наутро.Едниот му вика на другиот:
- Брат не можам веќе...Дупло гледам...
- На ми ти ги овие две иљадарки што ти ги борчам - му вика другиот.
Го кара таткото својот веќе возрасен и оженет син:
- Како не ти е срам да трчаш по други жени, имаш веќе големи деца на школо почнаа да одат...
- А што да прам, да ги отпишам од школо?
Што прави Босанец кога ќе го заврши економскиот факултет?
- Го мести скелето и почнува да го мачка медицинскиот.
Автомобил излетал од патот и влетал во некоја куќа и право во кујната, кај шо си пијал Перо ракиче...
- Каде бе пријателе? - го прашува Перо шоферот...
- Абе еве тргнав кон Скопје...
- Лево низ ходникот, па право и не свири многу ќе ги разбудиш децата...
Питач проси на улица:
- Брат ми дај ми бе 10 денари немам за леб да јадам...
- Па јади без леб е*ате....
Фатил Перо златна рипка и оваа му вели:
- Ќе ти исполнам 10 желби само не ме враќај во Вардар...
Фатил Перо златен кувар и куварот му рекол:
- Пушти ме ќе ти исполнам три пиперки.
Еден човек слуша прогноза за времето:
- Во Сибир ќе биде -45 степени...
Човекот веднаш се јавува на пријател во Сибир и му вели:
- Ало, многу студено кај вас бе, -45 дури!
- Не, само -15 степени
- На телевизија кажаа дека е -45.
- Е, надвор може да е...
Си иде Трпе дома и и вика на Трпана:
- Трпано мори што би направила ако добијам на лото?
- Ти земам пола од добивката и те оставам...
- Добив 20 евра, еве ти 10 и со очи да не ти видам...
Ги носи Перо прасињата на ветеринар и ветеринарот му вели:
- Едното ти е добро, ама другово е многу опукалено во очите.
- Па нормално ќе е опукалено кога цел ден гледаше кај што швајцовам.
Папата е многу среќен чоек. Секој ден го гледа шефот распнат на крст.