Трпана трча со бебето во раце, го бара Трпе и се дере:
- Трпе бре! Детето проголта куршум!
А Трпе вика:
- Гони се со него, не го врти накај мене!!
Трговец кој продавал машини за чистење влегол во некоја нова зграда, мислејќи дека станарите имаат пари, па ќе има голема продажба. Тропнал на првата врата и само што му отворила Трпана, а тој веднаш фрлил една свежа лепешка на тепихот. И Трпана:
- Што правиш, бре, будало?
- А госпоѓо, воопшто не се секирајте. Продавам машини за чистење, одма ќе го исчистам ова. Ако не биде како ново за пола саат, како пица ќе ја изедам лепешкава.
- Е добро... одам јас по кечап.
- Зошто, госпоѓо, не ми верувате?
- А бе, верувам јас, ама струја уште ни немаат пуштено.
Оди некое дете во продавница за миленичиња и вели дека сака да купи куче. Продавачот му вели дека имаат само кунг-фу кучиња. Детето прашало што е тоа.
- Ако му кажеш кунг-фу кревет, тоа му се нафрла и го раскинува креветот на парчиња - му рекол продавачот.
Детето доаѓа дома и му вели на татка си:
- Тато, купив кунг-фу куче.
А таткото:
- Кунг-фу, куров ми.