Зошто петлите во Македонија кукурикаат и попладне?
- Па и тие почнаа да си го дупат народот!
Зошто во Македонија е укината смртната казна за затворениците ?
- Струјата е премногу скапа!
Цветко оди на лекар:
- Докторе, се задушувам, не можам да дишам!
- Пушете ли?
- Пушам, ама не помага.
Кој е врвот во комшиска расправија?
- Слушај комши, да не бев јас немаше да имаш деца!
Што е врв на финансиска криза?
- Кога влагаш во кинеска продавница и викаш „Ништо, ништо, само гледам“.
Google е толку интелигентен што веќе ништо не можеш да сокриеш од него. Вчера на пример пишувам: Барам рабора во Македонија за 2000 евра плата.
Google ми враќа:
Did you mean: 150 евра.
Трпе оди во кебапчилница. Се најадув кебапи и кромид и оди на работа, се срекава со некој колега и колегата му рекол:
- Tуффф мирисаш на кромид.
Трпе се изнервизал и си заминал. Одејки се сретнал со друг колега и колегата му рекол:
- Tуффф мирисаш на кромид.
Трпе се изнервирал и си заминал. Оди во својата канцеларија и влегува неговата колешка и му вели:
- Ооо колега, како сте?
И Трпе рекол:
- Добро, добро.
Колешката ја ставила раката на својот нос и рекла:
- Туффф, аман бе колега, мирисаш на кромид.
На Трпе му дошло преку глава и рекол:
- ШТО Е ОВА БЕ СИТЕ ЗБОРУВААТ ДЕКА МИРИСАМ НА КРОМИД, А КЕБАПИТЕ НИКОЈ НЕ ГИ СПОМНУВА?
Се шета Груевски низ скопските улици и запира случаен минувач и го прашува:
- Пријателе, ако ги покачам цените на сите производи за 100%, како ќе преживееш?
А овој му одговара:
- Супер, ќе можам да си дозволам одмор во Шпанија.
- Ами ако ги покачам за 200%?
- Епа тогаш ќе можам да заминам на Бахамите!
- А ако ги покачам за 500%?
- Супер, тогаш ќе можам да живеам во Дубаи!!!
- Одлично – одговорил Груевски и го потапкал по рамото:
- А ти со што се занимаваш, што работиш? – го прашал.
- Еми имам погребална агенција….