Паднал Рамче во вода и почнал да се дери:
- Поооооооооомош, помош, не знам да се бањам!
Во кој ден Госпо ја створил жената?
- Во четврток. Во понеделник ги створил кокошките, во вторник гуските, во среда мисирките, а во четврток му снемало пердуви.
Го прашува детето својот другар од кај доаѓаат децата?
- Од на мајка ти пичката, од кај па јас да знам!?
Влегва некое чупе во маркет, зема кило портокали, кило банани, нешо за грицкање, сок, две викенд списанија и оди на каса да плати.
Касиеро:
-Ама ти немаш дечко!?
Чупево усрамено трепкајќи со очите одговара:
-Не, немам, а од кај знајш?
-Па грда си!
Фатил човек златна рипка и оваа му понудила да му исполни три желби за да ја пушти.
- Прва желба ми е жена ми да не ме изневерува. Втора, и да ме изневерува, да не знам за тоа. Трета, и да знам, да не се секирам многу.
Стар италијански Кум е пред умирање и го вика својот внук во посета.
-Слушај ме. Сакам да го земеш мојот хромиран Магнум, за цел живот да ме памтиш по него.
-Ама дедо, стварно не сакам оружје. Зошто, наместо тоа, не ми го оставиш твојот Ролекс?
-Прекини и слушај. Еден ден ти ќе го водиш нашиот бизнис... ќе имаш убава жена, многу пари, голема куќа и можеби неколку деца...Еден ден ќе се вратиш дома и можеби женати ќе ја најдеш во кревет со друг маж... Што ќе правиш тогаш...? Ќе му го покажеш Ролексот и ќе му речиш "ИМАШ УШТЕ 15 МИНУТИ"!?