Човек се нашол на суд, обвинет за тешко убиство со предумисла.
Судијата: Овде се работи за тежок деликт, крваво убиство со предумисла. Го повикувам обвинетиот во своја одбрана а со цел да се обиде евентуално да ја ублажи казната да ја изнесе својата одбрана и олеснителните околности.
Обвинетиот: Беше глупа... морав да ја убијам.
Судијата: Тоа не го сметам за олеснувачка околност.Ако не сакате остатокот од животот да го минете зад решетки морате да најдете нешто поубедливо.
Обвинетиот: Во ред ценет Суде, дозволете ми да ви раскажам како беше. Живеевме во една зграда. Над нас живееше семејство со две деца. Жална ситуација, децата беа многу ниски. Синот од 12 години беше висок 80 сантиметри а оној постариот од 19 години се на се 85
сантиметри.
- Да, рече жена ми, тоа се пиринеи.
- Мислиш, Пигмеи - и реков.
- Не, одврати таа, пигмеи се она што го имаме под кожа и поради што поцрнуваме на сонце. - - Тоа е
пигмент - забележив.
- Не...пигмент е она на што пишувале старите Римјани.
- Побогу жено, тоа е пергамент.
- Не, пергамент е кога некој ќе прочита или прикаже само дел од некое дело.
Почитуван Суде, претпоставувате дека немав воља да и објаснувам дека се работи за фрагмент.
Отидов на тросед, легнав и почнав да читам весници. Набргу дојде мојата жена со книга во раце, ја
отвори и почна да чита нешто.
- Душо, погледај: 'Сончевата тераса од рачна торба била учителка од макрото 15'.
Ја земав книгата, ја погледна и и реков:
- Драга моја, ова е книга на француски јазик и тука пишува ".... La Marquise de Pompadour est la
Maitresse" а тоа значи дека Маркизата од Помпадур му била љубовница на Луј 15-ти.
- Не - рече таа- мора буквално да се преведува. La Marquise е сончева тераса, Pompadour е рачна
торба, La Maitresse е учителка а Louis XV е 15 макро. И потоа продолжи - јас тоа сигурно го знам, не
џабе земав часови по француски и вежби со својот легионар.
- Веројатно мислиш на лекторот.
- Не, лектор е еден грчки херој.
- Тоа беше Хектор и беше Тројанец.
- Не, Хектор е мерка за површина.
- Мерка за површина е хектар.
- Не, хектар е пијалок за Боговите.
- Жено, тоа е нектар.
- Не е, тоа е река во јужна Германија.
- Таа река се вика Некар.
- Не знаеш ти ништо, јас уште како мала пеев во дуо за реката Нектар.
- Си пеела во дует.
- Не, дует е кога играат Милан и Барселона.
Почитуван Суде... тогаш земав чекан и ја опалив по глава. Конечно замолчи.
– Судија... Пресуда...
"Обвинетиот се ослободува, јас би ја опалил со чекан по глава уште кај Хектор!"