Значи вака испадна работава, дечково ми даде и попуст на гумите и бандажите, ферчина човек, башка беа баш како што сакав 215/45/17 ама ми се виде многу оштетен предниот десен па се попишманив, башка ми кажа некој муабет дека шуштеле многу и ме фати страв да не е крив многу бандажот. И се фрлив да барам на ново што како има, дојдов до заклучок но не знам колку е паметен затоа сте тука вие да ме посоветувате. Сакав да одам до Бугарија затоа што слушнав дека таму се дупло поефтини башка ако одам со некој стари гуми можам да ги заџитарам и да си монтирам нови за исто така многу поефтино. Башка шетња шопинг мопинг
Што мислите совет некој да дадете, и ако не ви е тешко да ставите уште некое сликиче да видам шо како би стоело на алфава.