Мене до сега не ми се случило нешто да не ми пристигне, а сум нарачал преку 100 работи, меѓу кои неретко работи кои вредат 500 евра и повеќе. Можда некогаш каснеле работите, поради нашата пошта, меѓутоа секогаш пристигале. Конкретно и јас си порачав K&N печурка и ми пристигна културно и уредно и ме чинеше многу поефтино одошто да ми ја порача некој препродавач од овде.
Во секој случај, ако имаш контакт или ако знаеш име па да најде Члинк контакт од продавачот од Нови Сад, може да се јави и да праша за цена, па да спореди. Добро е кога имаме избор од кај да купиме/порачаме, инаку тешко нас со нашиве "газди" кои сакаат преку ноќ да се збогатат.