Автор Тема: IN MEMORIAM: Ненад Николовски (1971-2015)  (Прочитано 1864 пати)

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6187
  • 69
IN MEMORIAM: Ненад Николовски (1971-2015)
« на: 01 Март 2015, 16:44:55 pm »
После тешко боледување вчера во Скопје почина долгогодишниот натпреварувач и спортски функционер во автомобилизам Ненад Николовски – Нено.

Нено го посвети својот живот на автомобилизмот. Прво како натпреварувач беше дел од првиот шампионат на Македонија во 1992 година настапувајќи на Водно. Последниот свој настап го имаше на истата патека во 2011 година каде го освои првото место во својата класа. Во меѓувреме го основа авто клубот „Коне спорт“ за кој настапуваа повеќе познати натпреварувачи. Покрај тоа, беше долгогодишен спортски функционер, претседател и член на техничката комисија на патеките ширум Македонија.

Љубовта кон  авто спортот Нено му ја пренесе и на својот син Коста кој со успех го наследи на тркачките патеки од 2012 година.

Нека почива во мир.

http://brzkrug.com/2011-03-31-21-30-49/mk-avonews/15227-in-memoriam---1971-2015
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7080
Одг: IN MEMORIAM: Ненад Николовски (1971-2015)
« Одговори #1 на: 01 Март 2015, 16:54:56 pm »
Нека почива во мир

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: IN MEMORIAM: Ненад Николовски (1971-2015)
« Одговори #2 на: 01 Март 2015, 16:59:17 pm »
Нека почива во мир.

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: IN MEMORIAM: Ненад Николовски (1971-2015)
« Одговори #3 на: 01 Март 2015, 16:59:51 pm »
Стварно жално, секогаш беше спремен да жртвува непреспиена ноќ пред трка само за да помогне, а од сабајлето полн со енергија правеше шеги... Таков човек ретко се раѓа, колку само киснења и зезанции паднале со него и Коки во гаража тоа не се брои, стварно е жално што вака заврши...

почивај во мир ЛЕГЕНДО :(
No turbo, no fun :)

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: IN MEMORIAM: Ненад Николовски (1971-2015)
« Одговори #4 на: 01 Март 2015, 17:48:44 pm »
почивај во мир друже. лесна нека ти е земјата.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29791
    • CARclub.mk
Одг: IN MEMORIAM: Ненад Николовски (1971-2015)
« Одговори #5 на: 01 Март 2015, 18:13:23 pm »
Ненад ми беше комшија, дијагонално ни се допираат дворовите. Ко мал трчкав кај него низ гаража, кај него на компресор ги пумпав гумите на точакот. Само убави сеќавања ми остануваат. Почивај во мир Комшија..

Отсутен Igor

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9498
Одг: IN MEMORIAM: Ненад Николовски (1971-2015)
« Одговори #6 на: 01 Март 2015, 18:37:56 pm »
Нека почива во мир.