Пакетите за амерички и за европски пазар се различни.
Мојата нема DAB на радиото, америчката верзија има.
Мојата не е со лупи и лед за позиција, во америчката верзија е.
Кај нас не се носат други мотори освен 1.6 Gamma l4, додека пак во Америка се NU со 1.8 и 2.0л мотори.
Има и други разлики.
@ficomk
Фала поубава да си купиш.
Слики ке ставам можеби и во текот на денот. Ако не заборавам
Инаку нормалната цена за Елантрата со ова ниво на опрема е 16300 евра. Бидејќи имаше акциски попуст, јас ја земав поефтино.
Зошто се одлучив за Хјундаи? И зошто баш за Елантра?
Па редно време беше да направам нешто во моите 40 години. За време на бившата држава, во која живеевме, таткоми на 25 години веќе ја имал својата втора нова кола.
Шала на страна.
Искрено сакав да купам нешто ново, па имаше интересна понуда за 1.6хди C-Elysee од 11 500 евра. И одтогаш почнав да гледам коли.
Во Хјундаи отидов онака, адхок, без намера дека ке најдам нешто интересно. Ја видов и30-ката, беше супер ауто, нудеше доста опрема но некако имаше ситници кои не ми се допаѓаа.
Ја видов и елантрата но цената од 14 600 за поефтината и 16 300 за поскапата ме одвратија...
И така си гледав, гледав и за се она што конкуренцијата го нудеше + се качуваше цената за по 300, 500 евра и така полека лимитот се крена.
Се додека не видов дека има акциска цена на елантрата која за тоа што го нудеше беше најдобра можна понуда која можеше да се добие за ново возило. Барем по мене.
Во игра ми беше и Астра, со исто така 1.6 бензински мотор и 115 кс.
На крајот пресудна улога ми беше изгледот, тивката работа на моторот, статистиката за дефекти, можноста во иднина да ставам плин.
Материјалите, возењето и управливоста се одлични.
Квалитетот ке го дискутираме за 10 години. Па ке видиме.
Маздата ми беше прескапа со ова ниво на опрема, Голфот исто така, Хонда немаше а требаше да се чека и цената ке беше исто многу повисока.
Сув не сакав, а од европскиве коли некако бев крајно разочаран заради несериозноста и падот на квалитетот што видно беше забележителен.