Кога идете кон Крива Паланка штом го поминете Страцин почнува удолница која плаче за 120+ км/ч. Внимавајте тука пошто ограничувањето е 60 а знакот може да ве збуни пошто некој со црн спреј го има преправено во 80. Жацовци стојат баш таму каде што се врти десно за Кратово. Тука стојат Кратовски милиционери. Паланечките жацовци се од наредното населено место а тоа е Ранковце.
Од тука до Крива Паланка мој совет е возете според соодветните знаци на патот, особено ако сте со "странска" таблица (различна од KP) затоа што можат да бидат во секое наредно населено место, и тоа: с. Гиновци ( кај бензинската "Кратер"), Псача (кај автобуската постројка на самото проширување на патот), с. Мождивњак (на проширувањето пред училиштето), па од тука до Паланка знаат да ловат на уште 2-3 локации.
Скоро секој ден, по некад и по цел ден, стојат на влезот од градот каде што се дели патот за влез во Паланка и обиколница а ако не се тука тогаш обавезно ги има на излезот од градот каде што завршува обиколницата (Мотел Македонија). Исто и накај митницата Деве Баир, возење по пропис, не знаеш од кај можат да ти искочат.
Во кратки црти од Страцин до Деве Баир или обратно возење по пропис освен ако не сакате да донирате за Буџетот на РМ.