Автор Тема: Места на кои треба да бидеме претпазливи.  (Прочитано 245134 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6660
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #615 на: 04 Јануари 2025, 14:22:29 pm »
Експресниот пат Штип Кочани е познат по многутте сообраќајки најмногу заради неспресметливоста на возачите.Овде се вози буквално како на автопат со брзини над 130 а сепак патот е експресен не автопат.Некако како и возачите да не знаат да се движат по овој за нас и нов вид на патишта.Според вас на што треба да се внимава на експресните патишта и како правилно да се вози со оглед на тоа што се вози со преголема брзина и често при претекнување возилата од спротивен рпавец преоѓаат на нашата лента а помошната лента сепак не е за возење туку за принудно сопирање.

Ако гледаш дека некој се спрема за претекнување, тргни се во помошна и остави нека те претекне. Да, помошна не е технички за возење, ама што е поарно, да си во право или да си безбеден?

Секогаш на овие два експресни патишта Кочани-Штип и Штип-Радовиш кога некој вози поспоро и се тргне во најдесна лента им се заблагодарувам со 4 жмигавци бидејки така немаш потреба да преминуваш во спротивна лента и истовремено можете 3 возила да се разминете. Истото и јас го правам, не само за некој да престигне побезбедно, туку возам и точно до десната лента за моја безбедност ако веќе некој престигнува дали од мој правец или спротивен, само уште малку се потргнувам во десната за застанување заради моја безбедност, а не заради друго.

Ама има и такви што возат 80 на овие два патишта, ја газат точно средната испрекината лента, а дозволено е 110 км/ч. Ама нашиот народ е инат, а иначе безбедно се возат 140 км/ч без никаков проблем овие експресни патишта, само да не се води инат.
Интересно ми е некогаш и на Плетвар надоле према градско по тоа кривините возат едвај 40, и со 40 не успеваат да го задржат своето возило идеално во лента, како да се пијани возат тие таквите што возат демек споро и безбедно.

Истото го прават и во град, многу често приметувам да возат рано наутро на главна улица 30, а некои и 20 км/ч, па лежечи полицајци со 1 км/ч го преминува, па да префрли во втора, па ако има малку паркирани возила нема процена на свое возило колку му е широко, па застанува, па не знае дали може да се размине.
Ама тоа е таа генерација на возачи што паѓаа по 5 пати пошто комисијата му била крива, па плаќаа на комисијата за да положат.
Толку неспособни возачи без да знаат процена на сопственото возило колку им е широко и дали можат или не да се разминат не сум видел.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34143
  • Таков е животот... јебига
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #616 на: 04 Јануари 2025, 15:35:46 pm »
Абе Фило, шо те глеам чуден....

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2283
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #617 на: 04 Јануари 2025, 16:52:47 pm »
Kaко некој од Штип што е прилично често по истиве експресни - тргајте се кога можете во најдесната лента, без разлика колку сообраќајно е правилно или не.
И кога сакате да пуштите некој да ве престигне и кога некој престигнува од другата страна.

Пошто на Фејсбук има душебризници кои еднаш ги немаат извозено и кажуваат дека најдесната лента била само за застанување и е смртен грев да се вози по неа, макар 100-200 метри, колку да се потргнеш.
И други идиоти ги читаат истиве од Фејсбук и возат залепени со 70-80km/h до средната лента како да им е дадена од мајка им, се најмило у п****.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14149
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #618 на: 04 Јануари 2025, 17:23:08 pm »
Јас ете Пониква сум... Вчера еден дебил така пред Кочани. 80 на сред пат батето.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1855
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #619 на: 05 Јануари 2025, 10:42:25 am »
Често сум по експресниве патишта низ истокот, секогаш со десните тркала ја газам полната линија од десна страна макар и да возам дебело над дозволено.
Инаку премногу пациенти има што возат 80 и возат најлево што може и не се тргаат, шупаци.

Ама какви и да сме возачите, секоја пофалба за поврзаноста на истокот, одлични се патиштата, уште Радовиш - Струмица да ги врзат и нетреба ништо друго.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 494
  • The best or nothing.
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #620 на: 05 Јануари 2025, 11:41:49 am »
Колку е дозволена брзина по експресните патишта?

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2836
  • Слобода или смрт
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #621 на: 05 Јануари 2025, 11:50:28 am »
110 со тоа што на секој приклучок има знак за 80 а некогаш и 50. И најчесто таму и мерат скриени во сенка под надвожнакот.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5916
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #622 на: 05 Јануари 2025, 12:04:40 pm »
Често сум по експресниве патишта низ истокот, секогаш со десните тркала ја газам полната линија од десна страна макар и да возам дебело над дозволено.
Инаку премногу пациенти има што возат 80 и возат најлево што може и не се тргаат, шупаци.

Ама какви и да сме возачите, секоја пофалба за поврзаноста на истокот, одлични се патиштата, уште Радовиш - Струмица да ги врзат и нетреба ништо друго.
Радовиш-Струмица е автопат за разлика од Прилеп-Битола.
Проблем е шо у 5км има 3 лежечи милицајци 😄 и не е воопшто фанни коа со 100/110 че ти се истуре кафето шо си го земал од банкомато 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk


Отсутен Tiro

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 313
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #623 на: 05 Јануари 2025, 14:25:29 pm »
Често сум по експресниве патишта низ истокот, секогаш со десните тркала ја газам полната линија од десна страна макар и да возам дебело над дозволено.
Инаку премногу пациенти има што возат 80 и возат најлево што може и не се тргаат, шупаци.

Ама какви и да сме возачите, секоја пофалба за поврзаноста на истокот, одлични се патиштата, уште Радовиш - Струмица да ги врзат и нетреба ништо друго.
Радовиш-Струмица е автопат за разлика од Прилеп-Битола.
Проблем е шо у 5км има 3 лежечи милицајци 😄 и не е воопшто фанни коа со 100/110 че ти се истуре кафето шо си го земал од банкомато 😁

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk
Radovis - Strumica ti e selski pat. A toj Bitola-Prilep pred 2 godini bese kako pat do nekoja vikendica da odis vo napisteno selo. Neli rekoa deka go pravat sto bidna so toa?

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6531
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #624 на: 05 Јануари 2025, 16:23:13 pm »
Се прави моментално автопатот и со малку среќа за 10-тина години ќе биди готов.
Нема свлечишта и тунели, инаку 20 ќе фати.

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 494
  • The best or nothing.
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #625 на: 05 Јануари 2025, 18:39:40 pm »
110 со тоа што на секој приклучок има знак за 80 а некогаш и 50. И најчесто таму и мерат скриени во сенка под надвожнакот.

110 е коректна брзина. Ама ова со радаров, не е коректно.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6660
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #626 на: 05 Јануари 2025, 20:10:04 pm »
50 ограничување има само на Велес-Кадрифаково што во суштина не е баш експресен бидејки експресен пат не треба да поминува низ населено место и клучките треба да се на различно ниво.
Велес-Кадрифаково поминува низ две села и ниту една клучка не е на различно ниво и затоа таму на тие клучки е 50 ограничувањето, додека на одредени места е 100, а поголемиот дел е 80 ограничувањето.

Експресните Штип-Радовиш и Кочани-Штип се баш направени како што треба, ниту се во населено место, и секоја клучка е на различно ниво, таму 80 е само на клучките, се останато е 110 ограничување

Присутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1372
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #627 на: 05 Јануари 2025, 22:25:52 pm »
да го направат асвалтот на стариот пат никад не би ја користел експреснава катастрофа

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6660
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #628 на: 05 Јануари 2025, 22:45:32 pm »
Што е подобар стариот пат макар и реновиран од експресниот ? Побезбеден би бил ? И од која причина ?

Присутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1372
Одг: Места на кои треба да бидеме претпазливи.
« Одговори #629 на: 05 Јануари 2025, 22:49:10 pm »
порастеретен е и нема диви претицачи, така да дефинитивно далеку побезбеден