Дечки..после подолго време приметив дека папагалчево тешко лета кога ќе го пуштам од кафез...
За разлика од порано лета малку низ собава и брзо губи висина како да нема сила и ако најде место за стоење, застанува и не ни полетува пак.
Плус, многу е по мирно од порано...можам слободно да го земам во раце и седи кај мене...за разлика од порано кога немаше шанси да му се приближам без да одлета некаде.
Јаде редовно , храната му е со сите витамини, едино минераливе слабо ги јаде али не знам што може да е причината.