Дечки, word of warning...
Доколку некој планира да шета со миленик низ ЕУ (или воопшто да го вади од МК), и да ги запази потребните процедури за вадење соодветни документи, да ве информирам дека Лабораторијата при Ветеринарниот институт во Скопје, веќе (подолго време) не е акредитирана и препознаена од ЕУ.
Ние кога вадевме за Тор, ни се погоди да баш од 01.01.2013 лабораторијата да е признаена, па целата процедура траеше пократко и не не' кошташе премногу пари (пошто претходно се праќаа примероците во Белград). Како и да е, од 15.09.2014 лабораторијата веќе не е признаена и акредитирана од ЕУ, така да, благовремено да се информирате што и како треба да се направи, доколку сакате да извадите документи за легално патување на миленикот.